Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Чудо на Педесетница!

Чудо на Педесетница!

Катче за младите

Чудо на Педесетница!

Упатства: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си како изгледаат околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ДЕЛА 2:1-21, 38-41.)

Додека го читаш извештајот, како си ги замислуваш ‚налетот на силен ветар‘ и ‚пламените јазици‘?

․․․․․

Што мислиш, што си велеле луѓето додека зачудено ги слушале учениците како зборуваат други јазици?

․․․․․

Како им ги замислуваш лицата на оние што се исмејувале, како што е спомнато во 13. стих?

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Каков празник бил Педесетница, и како можеби влијаел врз расположението на мноштвото собрано во Ерусалим? (5. Мојсеева 16:10-12)

․․․․․

Како Петар покажал почит кон оние на кои им се обратил, и на кој начин поставил заеднички темел за разговор? (Дела 2:29)

․․․․․

Како смелоста што ја покажал Петар на Педесетница е сосема спротивна на она што го направил во дворот на првосвештеникот? (Матеј 26:69-75)

․․․․․

ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

тоа дека треба да поставуваме заеднички темел со оние со кои разговараме и да зборуваме со почит кога им кажуваме за нашите библиски верувања.

․․․․․

тоа дека можеш смело да сведочиш за Јехова, дури и ако сега си малку срамежлив или плашлив.

․․․․․

ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Нешто повеќе можеш да истражуваш во Стражарска кула од 15 септември 1996, страници 8 и 9.