Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Заблуда бр. 3: Добрите одат на небо

Заблуда бр. 3: Добрите одат на небо

Од каде потекнува оваа заблуда?

По смртта на Исусовите апостоли, некаде во почетокот на 2 век од н.е., првите црковни отци почнале да добиваат сѐ поголем углед. Опишувајќи ги нивните учења, New Catholic Encyclopedia од 2003, том 6, страница 687, вели: „Се ширело учењето дека на душата што излегла од телото ѝ се дава блаженство на небото веднаш откако ќе се изврши потребното очистување по смртта“.

Што вели Библијата?

„Среќни се кротките, зашто ќе ја наследат земјата“ (Матеј 5:5).

Иако Исус им ветил на своите ученици дека ќе им ‚приготви место‘ на небото, тој покажал дека праведните не одат таму автоматски (Јован 3:13; 14:2, 3). Зар не се молел Божјата волја да се врши „како на небото така и на земјата“? (Матеј 6:9, 10). Всушност, за праведните има две одредишта. Мал број ќе владеат на небото заедно со Христос, но повеќето ќе живеат вечно на Земјата (Откровение 5:10).

Со текот на времето, раната црква го сменила гледиштето за својата улога на Земјата. Кој бил резултатот од тоа? „Црквата како институција сѐ повеќе го заземала местото на очекуваното Божје Царство“, стои во The New Encyclopædia Britannica. Црквата почнала да ја зацврстува својата моќ со тоа што се вмешала во политиката, игнорирајќи ги на тој начин Исусовите јасни зборови дека неговите следбеници не треба да се „дел од светот“ (Јован 15:19; 17:14-16; 18:36). Под влијание на римскиот император Константин, црквата направила отстапки во некои од своите верувања. Едно од нив е поврзано со природата на Бог.

Спореди ги следниве библиски стихови: Псалм 37:10, 11, 29; Јован 17:3; 2. Тимотеј 2:11, 12.

ФАКТ:

Повеќето добри луѓе ќе живеат засекогаш на Земјата, а не на небото