Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Заблуда бр. 6: Бог одобрува да се користат кипови и икони

Заблуда бр. 6: Бог одобрува да се користат кипови и икони

Од каде потекнува оваа заблуда?

„Првите христијани немале идоли... Воведувањето идоли во црквата во 4 и 5 век било оправдано со образложението дека на неуките луѓе им е полесно да учат за христијанството преку идоли отколку преку проповеди или книги“ (Cyclopedia of Biblical, Theological, and Ecclesiastical Literature од Меклинток и Стронг, том 4, страници 503 и 504).

Што вели Библијата?

„Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата; немој да им се клањаш, ниту да им служиш“ (2. Мојсеева 20:4, 5, Превод на МПЦ). Апостол Јован им напишал на христијаните во 1 век: „Дечиња, чувајте се од идоли“ (1. Јованово 5:21).

Дали идолите, како што тврдат црквите, се само средство за да му се приближиш и да му оддадеш чест на она што го прикажуваат тие? Во The Encyclopedia of Religion стои: „Во почетокот идолите можеби служеле само за поучни и за декоративни цели; или барем така била оправдувана нивната употреба. Но, наскоро почнале да играат улога и во обожавањето. Тоа особено важело за иконите, кои станале едно од главните обележја на Источната православна црква“. Меѓутоа, пророкот Исаија со право прашал: „Со кого ќе го споредите Бог и каков лик сличен на него ќе најдете?“ (Исаија 40:18).

Спореди ги следниве библиски стихови: Исаија 44:13-19; Дела 10:25, 26; 17:29; 2. Коринќаните 5:7.

ФАКТ:

Бог не одобрува да се користат кипови и икони

ОТФРЛИ ГИ ЗАБЛУДИТЕ, ДРЖИ СЕ ЗА ВИСТИНАТА

Што можеме да заклучиме од ова кратко разгледување на заблудите што сѐ уште се учат во многу цркви? Овие „лукаво измислени бајки [на грчки ми́тос]“, не можат да се рамнат со едноставните и утешни вистини од Библијата (2. Петрово 1:16, Превод на д-р Д. Х. Константинов).

Затоа, објективно спореди го она што го вели Божјата реч — изворот на вистината — со она на што те учеле (Јован 17:17). Тогаш на тебе ќе се исполни ова ветување: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).