Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Читателите прашуваат...

Мора ли да веруваш во тројство за да бидеш христијанин?

Мора ли да веруваш во тројство за да бидеш христијанин?

Во книгата Светските религии во Данска издадена во 2007 год., која се користи во наставата за средните училишта, Јеховините сведоци се опишани како христијанска група која доследно се држи за Библијата. Всушност, Јеховините сведоци се третата најголема христијанска религија во Данска.

Меѓутоа, еден бискуп на Данската народна црква остро ја критикуваше одлуката на авторот да ги вклучи и Сведоците во овој учебник. Зошто? „Сѐ уште не сум сретнал теолог што ги смета [Јеховините сведоци] за христијани“, вели бискупот. „Тие го негираат тројството, едно од главните учења на христијанството.“

Авторката на оваа книга, социологот Аника Хфитамар чија специјалност е религијата, истакна дека, ако ги прашате луѓето зошто се сметаат за христијани, ретко кој ќе одговори дека причината е што верува дека Бог е тројство. Освен тоа, во истиот учебник, во делот со наслов „Дали си христијанин?“ пишува: „Тројството е едно од најспорните учења на христијанството“. Понатаму се наведува: „Отсекогаш било тешко да им се објасни на христијаните кои не се теолошки образовани зошто христијанскиот Бог е сепак само еден бог, а не три бога“.

„Тројството е едно од најспорните учења на христијанството“

Она што го кажува Библијата за Бог и за Исус е многу јасно. Воопшто не е тешко да се разбере. Во Божјата Реч не може да се најде ниту зборот „тројство“ ниту идејата за такво нешто. Библијата јасно вели дека Христос е Божјиот првороден Син (Колошаните 1:15). Исто така, во неа Исус е наречен „посредник помеѓу Бог и луѓето“ (1. Тимотеј 2:5). А за Таткото, Библијата вели: „Ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“ (Псалм 83:18).

Јеховините сведоци сметаат дека е многу важно да се верува во Исус (Јован 3:16). Од таа причина, тие сериозно ја сфаќаат Исусовата заповед: „Напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!‘“ (Матеј 4:10). Значи, оној што се труди да ги држи Исусовите заповеди може да се нарече христијанин.