Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Брани ги своите уверувања!

Брани ги своите уверувања!

Катче за младите

Брани ги своите уверувања!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Еремија, Авде-Мелех и цар Седекија

Кратка содржина: Еремија се соочува со жестоко противење додека ја објавува Божјата порака дека жителите на Јуда треба да им се предадат на Халдејците

1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ЕРЕМИЈА 38:1-5.)

Што мислиш, како се чувствувал Еремија додека му зборувал на јудејскиот народ?

․․․․․

Какви чувства се насетуваат во гласот на Еремија додека го објавувал предупредувањето од Јехова?

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Во што мора да бил цврсто уверен Еремија за да може толку смело да објавува таква порака?

․․․․․

2. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ЕРЕМИЈА 38:6-13.)

Употреби ја својата фантазија и опиши како изгледала јамата — колку била широка, длабока и како мирисала.

․․․․․

Какви мисли веројатно му доаѓале на Еремија кога почнал да ‚пропаѓа во тињата‘? (Повторно прочитај го стих 6.)

․․․․․

РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Истражувај темелно и дознај нешто што претходно не си го знаел за јамите што се користеле во библиски времиња.

․․․․․

Во што мора да бил уверен Авде-Мелех за да преземе чекори да го спаси Еремија? (Повторно прочитај ги стиховите 7-9.)

․․․․․

Зошто Седекија толку лесно потпаѓал под туѓо влијание, прво под влијание на кнезовите, а потоа под влијание на Авде-Мелех? (Повторно прочитај ги стиховите 5 и 10.) Што ни кажува ова за неговиот карактер? Зошто би рекол дека немал никакви лични убедувања?

․․․․․

Кои ликови во оваа приказна покажале дека имаат цврсти лични убедувања, а кој не покажал таква цврстина? Зошто одговараш така?

․․․․․

3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

храброста:

․․․․․

личните убедувања:

․․․․․

тоа дека Јехова ги штити оние што бестрашно го слушаат:

․․․․․

Кога ќе се најдеш под притисок, како тоа што ќе имаш цврсти лични убедувања ќе ти помогне да го правиш она што е исправно?

․․․․․

4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

ДРУГИ БИБЛИСКИ ПУБЛИКАЦИИ МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ НА www.watchtower.org