Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Добрата вест“ стигна до најсеверните 0строви на Австралија

„Добрата вест“ стигна до најсеверните 0строви на Австралија

„Добрата вест“ стигна до најсеверните 0строви на Австралија

„ОВАА добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет“, рекол Исус (Матеј 24:14). Јеховините сведоци ја слушаат Исусовата заповед и се обидуваат да им ја пренесат библиската порака на сите луѓе, сеедно каде живеат (Матеј 28:19, 20). Тоа го прават доброволно, некогаш и по цена на големи непријатности и лични трошоци.

На пример, Нејтан и Карли ги направија сите потребни подготовки за да можат да им проповедаат на луѓето што живеат на зафрлените острови во Торесовиот Проток. Во 2003 год., еден претставник на Бетелот во Австралија ги охрабри да се преселат на островот Турсдеј и да соработуваат со тамошното собрание. Тој остров е само еден од низата острови што како зелени скапоцени камења се наредени во синиот Пацифик помеѓу Австралија и Нова Гвинеја.

Во 2007 год., ова семејство купи еден стар брод за лов на бисери, наречен Тејсан-Уај. На свој трошок, тие го реновираа бродот и со него одат да им проповедаат на жителите на десет далечни острови, тргнувајќи од островот Турсдеј. Ајде да го разгледаме „бродскиот дневник“ на некои од нивните патувања.

Јануари 2008: Денес со чамецот отидов во Бамага — патување од 80 километри во двата правца — за да земам уште шест Сведоци од тоа место. Потоа со Тејсан-Уај пловевме кон островите Варабер и Порума. Резервоарите беа полни — 5.500 литри гориво по цена од 2 долари за литар. Бродот пловеше многу бавно, просечно околу 10 километри на час. Ама времето беше прекрасно, и во океанот едвај имаше по некое бранче.

Кога пристигнавме, ја фрливме бродската котва во близина на Варабер и заедно со неколку души од нашата група што имаа роднини на овој остров се качивме на чамец и отидовме на брегот. Се сретнавме со претставникот на управата на островот за да побараме дозвола да проповедаме. Тој е пастор во црквата, ама ни дозволи да разговараме со островјаните. Истото го направивме и на Порума, па и таму добивме дозвола да проповедаме. Луѓето се многу пријателски расположени и сакаат да ја читаат нашата литература. Многу луѓе почнаа да ја проучуваат Библијата.

Април 2008: Испланиравме по кој пат да стигнеме до Дуан, Саибаи и Боигу — трите најоддалечени острови — во близина на границата со Папуа Нова Гвинеја. Но, временските прилики станаа многу лоши, па затоа се упативме кон островот Мабајаг. Тој се наоѓа на само 70 километри од нашето појдовно пристаниште, но требаше да патуваме цели 140 километри затоа што се движевме цикцак меѓу бројните подводни гребени.

Еден огромен бран го откачи чамецот од нашиот брод. За да го вратиме, направивме голем круг со бродот борејќи се со високите бранови. Повеќето патници добија морска болест.

На островот Мабајаг добивме дозвола да проповедаме, и мештаните толку срдечно нѐ пречекаа што наскоро заборавивме на тој немил настан. Една жена беше пресреќна кога ја слушна нашата порака и зеде многу публикации за да ги однесе во библиотеката каде што работи.

Од мај до октомври 2008: Поради временските услови, не можевме да дојдеме до островите. Тоа време го искористивме за да проповедаме во местото каде што бевме сместени, да работиме и да ги направиме потребните поправки на бродот.

Бидејќи беа неопходни повеќе поправки, отидовме до пристаништето во Веипа за да го извлечеме бродот од водата и да го ставиме на една огромна приколка. Тоа е лесно да се рече, ама не и да се направи! Сведоците од локалното собрание спремно одвоија време да ни помогнат околу поправката на инсталациите, фарбањето и столарските работи. Други ни носеа јадење. Трети, пак, ни носеа работи што ни требаа на следното проповедничко патување. Многу ни значеа нивната гостољубивост и помош.

Декември 2008: Повторно испланиравме по кој пат да отидеме до Дуан, Саибаи и Боигу. Со помош на нашиот радар ги избегнавме тропските бури, а низ гребените се пробивме благодарение на една електронска направа за навигација. Пловидбата до Дуан траеше 12 часа, но тоа беше најубавиот остров што сме го виделе. Високите карпести планини се обвиткани со облаци. Луѓето на Дуан желно нѐ слушаа, и се договоривме, откако ќе се вратиме дома, да ги продолжиме нашите библиски разговори по телефон.

Лети, една жена од овој остров, веќе ги имала добиено нашите списанија и ги испратила купоните за нарачка на литература. Бетелот во Австралија ѝ ги испратил публикациите што ги барала, а до нашето собрание прати писмо со молба да контактираме со неа. Конечно ја најдовме Лети и бевме радосни што направивме барем нешто за да ги задоволиме нејзините духовни потреби.

На островот Саибаи, претставникот на управата не сакаше да ни дозволи да им проповедаме на островјаните. Но, на оние од нашата група што имаа роднини на тој остров, им дозволи да ги посетат и да разговараат со нив. Јас имам договор со владата да работам како молер на Саибаи, па така успеавме да покриеме дел од трошоците.

Една наша сестра, Таси, потекнува од едно село на Папуа Нова Гвинеја, оддалечено само 4 километри од Саибаи. Еден договор со австралиската влада им овозможува на жителите на Папуа Нова Гвинеја да дојдат на Саибаи за да тргуваат. Таси се сретна со многу луѓе од нејзиното село и немаше доволно литература за да им подели на сите. Тоа беше првпат Таси да се види со луѓе од своето село откако стана Јеховин сведок. Се вративме на бродот и ѝ донесовме кутија со литература, најмногу на пиџин, јазик што се зборува на Папуа Нова Гвинеја, познат и како ток писин. Таси зборуваше за библиската порака пред повеќе од 30 луѓе од Папуа Нова Гвинеја, а тие што беа заинтересирани ја разграбаа литературата од кутијата. До селото во кое живеат може да се дојде само со брод, а во него можеби никогаш не стапнале Јеховини сведоци.

Не беше лесно да дојдеме до последниот остров, Боигу. Се наоѓавме на 4 километри од брегот, каде што водата е длабока само 2,5 метри. Бродот е во водата 1,8 метри. Јас и уште еден член од групата појдовме со чамецот за да го извидиме тоа место и да најдеме пат до островот. Истураше дожд и бевме жива вода! Ни требаа два часа за да најдеме премин.

Кога пристигнавме, изненадените островјани ни рекоа дека поморските карти што ги имав не се точни и дека во тоа место не влегува ниту крајбрежната стража ниту морнарицата. Претставникот на управата на островот не ни даде дозвола да проповедаме, ама на оние што имаа роднини на островот им допушти да ги посетат и да им проповедаат. Ја почитувавме неговата желба и појдовме само кај роднините. Еден човек што ја зеде книгата Што навистина учи Библијата? a веднаш ја прочитал и почнал да запишува прашања на задната страница од својата Библија. Подоцна, кога отишол на островот Турсдеј, Јеховините сведоци повторно стапиле во контакт со него.

Јануари 2009: Се вративме на островите Моа и Мабајаг за да разговараме повторно со оние што се заинтересираа за библиската порака. И на едниот и на другиот остров луѓето срдечно нѐ примија. Многумина во селото Св. Павле на островот Моа ни рекоа да не чекаме да помине многу време за да дојдеме кај нив. Претставникот на управата на островот ни рече дека слободно можеме да проповедаме во селото кога сакаме.

Во Торесовиот Проток има 17 населени острови. Не знаеме дали ќе можеме да дојдеме до секој човек што живее на нив. Но, сите ние од собранието овде, на најсеверните острови на Австралија, сме радосни што правиме сѐ што можеме за да го фалиме нашиот Величествен Творец, Јехова.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Карта на страница 23]

АВСТРАЛИЈА

Веипа

Бамага

ОСТРОВИТЕ ВО ТОРЕСОВИОТ ПРОТОК

ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА

[Извор на слика]

На темел на NASA/Visible Earth imagery

[Карта на страници 24 и 25]

Бамага

Турсдеј

Моа

Варабер

Порума

Мабајаг

Саибаи

Дуан

Боигу

ПАПУА НОВА ГВИНЕЈА

[Извор на слика]

На темел на NASA/Visible Earth imagery

[Слика на страница 24]

Пристигнуваме на островот Турсдеј

[Слика на страница 24]

Одиме кај луѓето на островот Саибаи

[Слика на страница 25]

Добрата вест се проповеда на јазикот ток писин