Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Царство што ќе ја промени целата Земја

Царство што ќе ја промени целата Земја

Поучете ги своите деца

Царство што ќе ја промени целата Земја

МОЖЕШ ЛИ да погодиш кое е тоа Царство?— a Царството за кое Исус ни рекол да се молиме. Тој нѐ поучил да го молиме Бог: „Да дојде царството твое“ (Матеј 6:9, 10). Речиси 2.000 години, следбениците на Исус го молат Бог да дојде Неговото Царство. Дали и ти некогаш си се молел за тоа?—

За да сфатиш што е царство, треба да знаеш што е тоа цар. Цар е некој што владее над одредено подрачје. Подрачјето со кое владее Божјето Царство ја опфаќа целата Земја. Кога ќе дојде Божјето Царство, сите луѓе на Земјата ќе уживаат во благословите што ќе ги донесе таа влада.

Божјето Царство е небесна влада. Во Исаија 9:6, Библијата зборува за оној што е на чело на таа влада. Забележи што вели таа за него: „Ни се роди дете... кој на рамото ќе има кнежевска власт. Името ќе му биде... Кнез на Мирот“.

Знаеш ли што е тоа кнез?— Тоа е владетел на мала држава кој е потчинет на некој цар. Кој е најголемиот небесен Цар?— Точно, тоа е Јехова. Библијата го нарекува „Севишен над целата земја“ (Псалм 83:18). Во Библијата, Исус честопати е наречен „Син Божји“. Една причина зошто е наречен така е тоа што Јехова му дал живот на Исус. Тој му е вистинскиот Татко на Исус (Лука 1:34, 35; Јован 1:34, 49; 3:17; 11:27; 20:31; Дела 9:20).

Божјето Царство, за кое Исус нѐ поучил да се молиме, е една посебна влада. Тоа е „кнежевска власт“ затоа што Јехова го поставил својот Син, Исус, да биде Владетел, или Цар на таа влада. Но, дали си знаел дека и други ќе бидат избрани да владеат како цареви заедно со Исус во Царството на неговиот Татко?— Да кажеме нешто за нив.

Пред да умре, Исус им рекол на своите верни апостоли дека ќе оди во „куќата“ на својот Татко на небото. „Одам да ви приготвам место“, им рекол тој, „за да бидете и вие таму каде што сум јас“ (Јован 14:1-3). Знаеш ли што ќе прават на небото апостолите и другите избрани?— Тие „ќе царуваат со Христос“. Библијата ни кажува дури и колкумина ќе бидат оние што ќе царуваат заедно со него. Нивниот број изнесува 144.000 (Откровение 14:1, 3; 20:6).

Што мислиш, како ќе биде на Земјата кога ќе царуваат Кнезот на мирот и неговите 144.000 избрани?— Ќе биде прекрасно! Нема да има војни. Животните ќе живеат во мир меѓу себе и со луѓето. Никој нема да се разболува ниту да умира. Очите на слепите ќе гледаат, ушите на глувите ќе слушаат, сакатите ќе трчаат и ќе скокаат како елени. Земјата ќе раѓа доволно храна за секого. И сите луѓе ќе се сакаат еден со друг, како што Исус ги поучил своите ученици да се сакаат (Јован 13:34, 35). Да ги прочитаме следниве стихови во библиската книга Исаија и да видиме кои прекрасни работи ќе се случат (Исаија 2:4; 11:6-11; 25:8; 33:24; 35:5, 6; 65:21-24).

Откако Исус ги поучил луѓето да се молат „да дојде царството твое“, милиони дознале за ова Царство. Тоа им го променило животот. Наскоро, кога Царството ќе дојде и ќе ги замени сите влади на Земјата, секој што му служи на Јехова Бог и на неговиот избран Владетел, Исус Христос, ќе живее во мир, ќе има добро здравје и ќе биде среќен (Јован 17:3).

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

ПРАШАЊА:

▪ Зошто Божјето Царство е наречено и „кнежевска власт“?

▪ Кој ќе владее заедно со Исус во Царството на неговиот Татко?

▪ Каков ќе биде животот на Земјата под кнежевската власт на Исус?