Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

На што мислел апостол Павле кога рекол дека на своето тело ги носи ‚жиговите кои покажуваат дека е Исусов роб‘? (Галатите 6:17).

▪ Луѓето од првиот век би можеле на различни начини да ги сфатат зборовите на апостол Павле. На пример, во старо време се користело усвитено железо за да се жигосаат воените затвореници, ограбувачите на храмови и робовите кои избегале од своите господари. Таквиот жиг се сметал за голем срам.

Меѓутоа, жиговите не биле секогаш знак на срам. Во многу древни народи тие се ставале за да се означи нечија припадност на одредено племе или религија. Според еден теолошки речник, „Сиријците им се посветувале на боговите Адад и Атаргатис ставајќи си белези на рачниот зглоб или на вратот... На обожавателот на Дионис му се ставал знак во облик на бршленов лист“ (Theological Dictionary of the New Testament).

Многу денешни изучувачи сметаат дека Павле зборувал за лузните што ги добил откако во повеќе наврати бил малтретиран додека служел како христијански мисионер (2. Коринќаните 11:23-27). Но, Павле можеби сакал да каже дека од неговиот начин на живот — а не од некакви видливи белези — можело да се види дека е христијанин.

Дали градовите-прибежишта во древниот Израел станале еден вид засолништа за злосторници?

▪ Во древниот пагански свет, многу храмови служеле како засолништа за бегалците или за злосторниците. Во христијанскиот свет во средниот век, опатиите и црквите служеле за истата цел. Меѓутоа, правилата што важеле во градовите-прибежишта во древниот Израел биле такви што спречувале тие да станат засолништа за злосторници.

Според Мојсеевиот закон, во градовите-прибежишта можел да добие заштита само ненамерниот убиец (5. Мојсеева 19:4, 5). Тој можел да избега во најблискиот град-прибежиште, каде што ќе бил на безбедно од најблискиот машки роднина на жртвата, кој инаку можел да му се одмазди за стореното дело. Откако на старешините на градот ќе им образложел зошто бара прибежиште, човекот што бегал бил изведуван пред суд во градот што бил надлежен за областа каде што била предизвикана смртта. Таму му се давала можност да докаже дека е невин. Старешините утврдувале во каков однос биле бегалецот и жртвата, проверувајќи дали претходно меѓу нив имало омраза (4. Мојсеева 35:20-24; 5. Мојсеева 19:6, 7; Исус Навин 20:4, 5).

Ако се утврдело дека е невин, бегалецот се враќал во градот-прибежиште и морал да остане во неговата непосредна близина. Тие градови не биле затвори. Човекот што ќе нашол прибежиште во нив работел и служел како корисен член на општеството. Кога ќе умрел првосвештеникот, сите бегалци можеле безбедно да ги напуштат градовите-прибежишта (4. Мојсеева 35:6, 25-28).

[Карта на страница 15]

(Види во публикацијата)

ГРАДОВИ-ПРИБЕЖИШТА

1 КЕДЕС

2 ГОЛАН

3 РАМОТ-ГАЛАД

4 СИХЕМ

5 ВЕЗЕР

6 ХЕВРОН

Јордан