Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Со кого од небото да стапиме во контакт?

Со кого од небото да стапиме во контакт?

Со кого од небото да стапиме во контакт?

СЕМОЌНИОТ БОГ им доверил извесни одговорности на некои духовни суштества. На пример, Бог го овластил Исус Христос да владее со Земјата, а на верните ангели им дал задача да помагаат во објавувањето на добрата вест (Откровение 14:6). Меѓутоа, никому не му ја доверил одговорноста да ги слуша молитвите, туку тоа право го задржал за себе. Затоа, нашите молитви треба да му ги упатуваме само на Бог.

Јехова „ги слуша молитвите“ (Псалм 65:2). Тој нѐ слуша кога се молиме и одговара на нашите молби. Во врска со молитвата, апостол Јован им напишал на своите соверници: „Што и да бараме во склад со неговата волја, [Бог] нѐ слуша. А ако знаеме дека тој нѐ слуша, што и да побараме, знаеме дека ќе го добиеме она што сме го барале, зашто тоа сме го барале од него“ (1. Јованово 5:14, 15).

Верните ангели не сакаат да им се обраќаме или да им се молиме ним. Јасно им е како Јехова ги поставил работите во поглед на молитвите и го почитуваат тоа, иако понекогаш се директно вклучени во нивното исполнување. На кој начин? Кога пророкот Даниел го молел Јехова во врска со уништувањето на Ерусалим, Бог му одговорил на молитвата со тоа што го испратил ангелот Гавриел да му пренесе една охрабрувачка порака (Даниел 9:3, 20-22).

Пораки од умрените?

Треба ли да се обидуваме да контактираме со оние што умреле? Честопати некои раскажуваат дека наводно разговарале со духовите на умрените. На пример, кај една Иркиња дошла некоја жена која била спиритистички медиум, и ѝ рекла дека претходната ноќ разговарала со Фред, мажот на Иркињата. Но, Фред веќе неколку недели бил починат. Жената продолжила да раскажува што рекол „Фред“, и спомнала работи што неговата сопруга мислела дека ги знае само таа. Ќе било многу лесно да заклучи дека Фред бил жив во духовниот свет и дека се обидувал да контактира со неа преку таа жена. Меѓутоа, тој заклучок би бил спротивен на она што Библијата јасно го кажува за состојбата на мртвите. (Види ја рамката.)

Тогаш, како да се објаснат таквите случки? Еден начин на кој демоните ги заведуваат луѓето е да се преправаат дека се починатото лице, во овој случај Фред. Зошто го прават тоа? За да ги одвратат луѓето од она што го кажува Библијата и да им ја ослабнат верата и довербата во Јехова. Без сомнение, Сатана и демоните ги заведуваат луѓето „со секое моќно дело и со лажни чудесни знаци и предзнаци и со секаква неправда и измама. Сето тоа е наменето за оние што заминуваат во пропаст“ (2. Солуњаните 2:9, 10).

Се разбира, постојат спиритистички медиуми, како и луѓе што веруваат дека преку нив навистина можат да контактираат со починатите. Но, реалноста е дека, дури и да комуницираат со некого, тие комуницираат со духовни суштества што му се противат на Јехова. Освен тоа, некои луѓе си мислат дека му служат на Бог на исправен начин, но не се во право. Апостол Павле, под водство на светиот дух, го запишал следново отрезнувачко предупредување: „Она што незнабошците го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните, а не на Бог“ (1. Коринќаните 10:20, 21).

Штом можеме да му се молиме на Севишниот, кој нѐ сака и се грижи за нас, тогаш зошто да му се молиме на некој друг? Всушност, Библијата нѐ уверува во следново: „Јехова ја пребарува со своите очи целата земја за да ја покаже својата сила штитејќи ги оние што му се оддадени со цело срце“ (2. Летописи 16:9).

[Истакната мисла на страница 9]

Штом можеме да му се молиме на Севишниот, кој нѐ сака и се грижи за нас, тогаш зошто да му се молиме на некој друг?

[Рамка/слика на страници 8 и 9]

Вистини и заблуди

ВИСТИНА: САТАНА ПОСТОИ

„Сатана се преправа дека е ангел на светлината“ (2. Коринќаните 11:14).

„Бидете трезвени, бдејте! Вашиот противник, Ѓаволот, оди наоколу како разрикан лав и бара некого да проголта“ (1. Петрово 5:8).

„Кој оди во грев, потекнува од Ѓаволот, бидејќи Ѓаволот греши откако се побуни“ (1. Јованово 3:8).

„Подложете му се на Бог, а спротивставете му се на Ѓаволот, и тој ќе побегне од вас!“ (Јаков 4:7).

„Ѓаволот... е човекоубиец откако се побуни, и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина. Кога зборува лага, го зборува своето, бидејќи е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

ЗАБЛУДА: КОГА ЌЕ УМРАТ, СИТЕ ОДАТ НА НЕБОТО

„Во потта на своето лице ќе го јадеш својот леб додека не се вратиш во земјата, бидејќи од неа си земен. Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“ (1. Мојсеева 3:19).

„Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5).

„Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила, зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“ (Проповедник 9:10).

„Духот му излегува, и тој се враќа во својот прав — во тој ден пропаѓаат неговите мисли“ (Псалм 146:4).

ВИСТИНА: ВЕРНИТЕ АНГЕЛИ СЕ ГРИЖАТ ЗА НАС

„Ангел Јеховин стои улогорен околу оние што се бојат од Бог, и ги избавува“ (Псалм 34:7; 91:11).

„Зарем сите тие [ангелите] не се духови чија должност е да служат и кои се испратени да им служат на оние што ќе наследат спасение?“ (Евреите 1:14).

„Видов еден друг ангел како лета среде небото, носејќи вечна добра вест за да им ја објави на оние што живеат на земјата — на секој народ и племе и јазик и народност. И зборуваше со силен глас: ‚Бојте се од Бог и оддајте му слава‘“ (Откровение 14:6, 7).

ЗАБЛУДА: ИСУС Е ЕДНАКОВ СО БОГ

„Сакам да знаете дека глава на секој маж е Христос, а глава на жената е мажот, а глава на Христос е Бог“ (1. Коринќаните 11:3).

„Кога ќе му биде подложено сѐ, тогаш и самиот Син ќе му се подложи на оној што му подложил сѐ, за Бог да им биде сѐ на сите“ (1. Коринќаните 15:28).

„Вистина, вистина, ви велам, Синот не може да направи ништо сам од себе, туку само она што гледа дека Таткото го прави“ (Јован 5:19).