Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Зошто да учиме од Бог?

Зошто да учиме од Бог?

Учи од Божјата Реч

Зошто да учиме од Бог?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Зошто да учиме од Бог?

Бог има за луѓето добра вест за нешто подобро. Таа добра вест е запишана во Библијата, која е како писмо што ни го испратил нашиот грижлив небесен Татко. (Прочитај Еремија 29:11.)

2. Која е таа добра вест?

На луѓето им треба добра влада. Ниеден човечки владетел не успеал да ги искорени насилството, неправдите, болестите или смртта. Но, има една добра вест. Бог ќе им даде на луѓето добра влада која ќе ги отстрани сите страдања. (Прочитај Даниел 2:44.)

3. Зошто е толку важно да учиме од Бог?

Наскоро, Бог ќе ги отстрани од Земјата луѓето што предизвикуваат страдања. Во меѓувреме, поучува милиони кротки луѓе да водат подобар живот и да покажуваат љубов кон Бог и кон ближниот. Од Божјата Реч луѓето учат како да се справат со животните проблеми, како да бидат вистински среќни и како да му угодат на Бог. (Прочитај Софонија 2:3.)

4. Кој е Авторот на Библијата?

Библијата се состои од 66 мали книги, кои ги напишале околу 40 мажи. Првите пет книги ги напишал Мојсеј пред 3.500 години. Последната ја напишал апостол Јован пред повеќе од 1.900 години. Но, библиските писатели ги запишувале Божјите мисли, а не своите. Значи, Автор на Библијата е Бог. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16; 2. Петрово 1:21.)

Библијата ја прорекува иднината точно и во детали. Тоа не може да го направи ниеден човек, па затоа можеме да бидеме уверени дека таа е книга од Бог (Исаија 46:9, 10). Исто така, Библијата ни открива какви особини има Бог. Таа има моќ да ги промени луѓето. Овие факти увериле милиони луѓе дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај Исус Навин 23:14; 1. Солуњаните 2:13.)

5. Што ќе ти помогне да ја разбереш Библијата?

Исус бил надалеку познат како Учител кој поучувал за Божјата Реч. Иако повеќето луѓе со кои зборувал имале познавање за Библијата, им требало помош да ја разберат. Затоа, Исус цитирал библиски стихови и им ги објаснувал на другите за „да ги разберат Писмата“. Оваа рубрика, „Учи од Божјата Реч“, ја има истата цел. (Прочитај Лука 24:27, 45.)

Зар има нешто поубаво од тоа да научиме од Бог која е смислата на животот? Сепак, некои луѓе можеби нема да се радуваат што ја читаш Библијата. Не обесхрабрувај се. Твојот вечен живот зависи од тоа дали ќе го запознаеш Бог. (Прочитај Матеј 5:10-12; Јован 17:3.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 2. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци