Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Како се снабдувале со вода древните Израелци за време на долгата сушна сезона?

Од октомври до април во Израел паѓаат дождови кои понекогаш ги полнат речните долини. Меѓутоа, во текот на летото повеќето такви „реки“ пресушуваат. Освен тоа, со месеци може да не падне ни капка дожд. Како се снабдувале со вода луѓето во библиски времиња?

Овој проблем го решиле со тоа што копале канали во падините и ја насочувале водата од зимските дождови во подземни резервоари, или бунари. Покривите на куќите биле малку накосени за да може дождовницата да стигне до ваквите резервоари. Многу семејства имале свој бунар, од кој црпеле вода за да ја згаснат жедта (2. Царевите 18:31; Еремија 6:7).

Израелците ги користеле и природните извори. Во планинските предели, водата од зимските дождови влегува во земјата сѐ додека не стигне до непропустливите карпести слоеви на почвата. Течејќи по нив, повторно излегува на површината како извор. Селата честопати никнувале во близина на некој извор (хебрејски ен). Тоа се гледа од имињата на населените места како што се Ен-Семес, Ен-Рогел и Ен-Геди (Исус Навин 15:7, 62). За да се доведе изворска вода во Ерусалим, бил ископан тунел дури и низ цврста карпа (2. Царевите 20:20).

Каде што немало природни извори, за да се дојде до подземната вода се копал бунар (хебрејски беер). Таков бил бунарот во „Вирсавеја“ (1. Мојсеева 26:32, 33). Писателот Андре Шураки вели дека „начинот на кој [Израелците] се снабдувале со вода нѐ одушевува до ден-денес“.

Во каква куќа можеби живеел Авраам?

Авраам и жена му живееле во богатиот халдејски град Ур. Но, по заповед од Бог, тие го напуштиле градот и почнале да живеат во шатори (1. Мојсеева 11:31; 13:12). Размисли само колкава жртва барала оваа промена.

Помеѓу 1922 и 1934 год., Леонард Вули вршел ископувања во градот Ур, кој се наоѓа во денешен Ирак. Меѓу градбите пронашол 73 куќи направени од цигла. Собите во многу од нив биле наредени околу еден поплочен внатрешен двор. Тој бил благо закосен кон средината, каде што имало одвод преку кој се отстранувала сета искористена вода од домаќинството. Во поголемите куќи, секоја гостинска соба си имала свој тоалет. Некои соби на приземјето имале кујни со огништа и простории во кои спиеле робовите. Членовите на семејството спиеле на горниот кат, до кој се качувале по скали. Скалилата воделе до дрвен чардак кој го опкружувал целиот двор и од кој се влегувало во горните соби.

Вули напишал: „Куќа... со поплочен двор и убаво варосани ѕидови, сопствен одвод... и повеќе од дванаесет соби укажува на висок животен стандард. Сепак, овие куќи им припаѓале... на луѓе од средната класа, дуќанџии, ситни трговци, писари и слично“.

[Слика на страница 19]

Резервоар за вода во Хорвот Месада (Израел)

[Извор на слика на страница 19]

© Masada National Park, Israel Nature and Parks Authority

[Слика на страница 19]

Цртеж на куќа од времето на Авраам

[Извор на слика на страница 19]

© Цртеж: А. С. Витбурн