Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали си подготвен за најважниот ден во годината?

Дали си подготвен за најважниот ден во годината?

Дали си подготвен за најважниот ден во годината?

САМО неколку часа пред да умре, Исус покажал како да се одбележува неговата смрт на еден посебен начин. Оваа свеченост станала позната како „Господаровата вечера“ (1. Коринќаните 11:20). За да покаже колку е важен тој настан, Исус заповедал: „Правете го ова за мој спомен!“ (Лука 22:19). Сакаш ли да го послушаш Исус? Ако да, годишнината од неговата смрт ќе ти биде најважниот ден во годината.

Но, кога точно треба да го одбележиш тој настан? И што да направиш за добро да се подготвиш да го разбереш значењето на оваа важна пригода? Секој христијанин треба внимателно да размисли за неколку прашања.

Колку често?

Важните настани обично ги одбележуваме еднаш во годината. На пример, трагичните настани од 11 септември 2001 год. секојдневно им се во мислите на жителите на Њујорк Сити на кои им загинаа блиските кога беше нападнат Светскиот трговски центар. Сепак, секоја година, периодот кога наближува тој датум го доживуваат на посебен начин.

И во библиски времиња важните настани се одбележувале еднаш во годината (Естира 9:21, 27). Јехова им заповедал на Израелците секоја година да го прославуваат чудесното ослободување од ропството во Египет. Библијата ја нарекува таа прослава Пасха, а Израелците ја одбележувале еднаш годишно на истиот датум кога биле избавени (2. Мојсеева 12:24-27; 13:10).

Исус штотуку завршил со прославата на Пасхата на која присуствувале и неговите апостоли. Тогаш им покажал како да ја одбележуваат неговата смрт со еден посебен оброк (Лука 22:7-20). Пасхата се прославувала секоја година. Според тоа, можеме да заклучиме дека и оваа нова прослава што била воведена како замена за Пасхата требало да се одбележува еднаш годишно. Но, на кој датум?

Кога?

За да одговориме на ова прашање, треба да ни бидат јасни две работи. Прво, во библиски времиња новиот ден почнувал навечер на зајдисонце и завршувал следниот ден на зајдисонце. Значи, денот почнувал навечер и завршувал следната вечер (3. Мојсеева 23:32).

Второ, во Библијата не се користи календарот што го користиме денес. Месеците март и април во Библијата се наречени адар и нисан (Естира 3:7). Евреите ги пресметувале месеците од една до друга млада месечина. Пасхата ја прославувале на 14-тиот ден од првиот месец од нивниот календар. Тој месец бил наречен нисан (3. Мојсеева 23:5; 4. Мојсеева 28:16). На истиот датум, 14 нисан, Римјаните го приковале на столб Господарот Исус Христос. Тој умрел 1.545 години по прославата на првата Пасха. Значи, 14 нисан е навистина посебен ден!

Но, кој ден одговара на 14 нисан според денешниот календар? До точниот датум можеме да дојдеме со една едноставна пресметка. Први нисан почнува кога младата месечина најблизу до пролетната рамноденица (кога почнува пролетта на северната полутопка) ќе биде видлива во Ерусалим при залезот на сонцето. Ако изброиме 14 дена од тој настан, доаѓаме до 14 нисан. На овој датум обично има полна месечина. Според ваквиот начин на сметање, 14 нисан оваа година почнува на зајдисонце во недела, на 17 април 2011 год. *

Оваа година, Јеховините сведоци се подготвуваат да се соберат заедно со сите што сакаат да ја одбележат смртта на Исус. Срдечно те покануваат и тебе. Те молиме, прашај ги во колку часот и каде ќе се одржи оваа свеченост. Таа нема да се одржи наутро или попладне, туку навечер по зајдисонце. Зошто? Затоа што, според Библијата, тоа е „вечера“ (1. Коринќаните 11:25). Во недела навечер на 17 април 2011 год. навршуваат 1.978 години од прославата што ја вовел Исус. Тогаш започнал и 14 нисан, истиот ден на кој умрел. Зар не е најдобро на тој датум да се потсетиме на неговата смрт?

Како да се подготвиш

Како можеш да се подготвиш за овој настан што се одбележува само еднаш во годината? Еден начин е да размислуваш за она што Исус го направил за нас. Книгата Што навистина учи Библијата? * им помогнала на милиони луѓе уште повеќе да сфатат од колкаво значење е Исусовата смрт (Матеј 20:28).

Друг начин да ги подготвиме срцата за оваа посебна пригода е да читаме за настаните што се случувале во последните денови од Исусовиот живот на Земјата. На следните страници е дадена една табела. Во десната колона се наведени паралелни библиски извештаи во кои се опишани настаните што се случувале пред смртта на Исус. Вклучени се и поглавја од книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, * во кои се објаснети тие настани.

Во левата колона е наведено кои денови оваа година се совпаѓаат со деновите кога се случиле тие настани. Одвој си време да прочиташ барем некои стихови од Светото писмо за деновите пред Господаровата вечера. Така ќе се подготвиш за најважниот ден во годината.

[Фусноти]

^ пас. 11 Овој датум можеби нема да се совпадне со Пасхата што ја прославуваат Евреите во денешно време. Зошто? Повеќето Евреи денес ја одбележуваат Пасхата на 15 нисан бидејќи сметаат дека заповедта од 2. Мојсеева 12:6 се однесува на тој датум. (Види Стражарска кула од 1 март 1990 год., страница 14.) Но, Исус ја прославил Пасхата на 14 нисан, во склад со она што било запишано во Мојсеевиот закон. Нешто повеќе за тоа како да се пресмета овој датум можеш да прочиташ во Стражарска кула од 15 јуни 1977 год., страници 383-384 (англ.).

^ пас. 14 Издадена од Јеховините сведоци. Види на страници 47-56 и 206-208. Оваа публикација можеш да ја најдеш и на веб-страниците www.pr418.com и www.watchtower.org.

^ пас. 15 Издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 22]

Исусовата смрт ќе се одбележи во недела, 17 април 2011

[Табела/слики на страници 23 и 24]

(Види во публикацијата)

ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА

2011 вто. 12 април

Сабота

Јован 11:55—12:1

gt 101, пас. 2-4 *

9 НИСАН (почнува на зајдисонце)

Во библиски времиња, новиот ден почнувал навечер по зајдисонце, а завршувал следниот ден на зајдисонце

▪ Гозба кај Симон лепрозниот

▪ Марија му излева мирисливо масло

▪ Евреите доаѓаат да ги видат Исус и Лазар

Матеј 26:6-13

Марко 14:3-9

Јован 12:2-11

gt 101, пас. 5-9

2011 сре. 13 април

Триумфално влегување во Ерусалим

Поучува во храмот

Матеј 21:1-11, 14-17

Марко 11:1-11

Лука 19:29-44

Јован 12:12-19

gt 102

10 НИСАН (почнува на зајдисонце)

▪ Ја минува ноќта во Витанија

2011 чет. 14 април

Рано наутро патува во Ерусалим

▪ Го чисти храмот

▪ Јехова зборува од небото

Матеј 21:12, 13, 18, 19

Марко 11:12-19

Лука 19:45-48

Јован 12:20-50

gt 103, 104

11 НИСАН (почнува на зајдисонце)

2011 пет. 15 април

Поучува во храмот користејќи споредби

▪ Ги осудува фарисеите

▪ Го забележува прилогот на вдовицата

▪ Го прорекува падот на Ерусалим

▪ Го кажува знакот на својата идна присутност

Матеј 21:19—25:46

Марко 11:20—13:37

Лука 20:1—21:38

gt од 105 до 112, пас. 1

12 НИСАН (почнува на зајдисонце)

2011 саб. 16 април

Поминува еден мирен ден со учениците во Витанија

▪ Јуда се договара да го предаде

Матеј 26:1-5, 14-16

Марко 14:1, 2, 10, 11

Лука 22:1-6

gt 112, пас. 2-4

13 НИСАН (почнува на зајдисонце)

2011 нед. 17 април

Петар и Јован прават подготовки за Пасхата

▪ Исус и другите десет апостоли доаѓаат доцна попладне

Матеј 26:17-19

Марко 14:12-16

Лука 22:7-13

gt од 112, пас. 5 до 113, пас. 1

14 НИСАН (почнува на зајдисонце)

Ја прославува Пасхата

▪ Им ги мие нозете на апостолите

▪ Го отпушта Јуда

▪ Ја воведува Спомен-свеченоста на својата смрт

Матеј 26:20-35

Марко 14:17-31

Лука 22:14-38

Јован 13:1—17:26

gt 113, пас. 2 до крајот на 116

полноќ

2011 пон. 18 април

Предаден и уапсен во градината Гетсиманија

▪ Апостолите бегаат

▪ Сослушуван од главните свештеници во Судскиот совет

▪ Петар се одрекува од Исус

Матеј 26:36-75

Марко 14:32-72

Лука 22:39-62

Јован 18:1-27

gt од 117 до крајот на 120

▪ Повторно е пред Судскиот совет

▪ Одведен кај Пилат, потоа кај Ирод и повторно кај Пилат

▪ Осуден на смрт и прикован на столб

▪ Умира околу три часот попладне

▪ Телото му е однесено и закопано

Матеј 27:1-61

Марко 15:1-47

Лука 22:63—23:56

Јован 18:28-40

gt од 121 до 127, пас. 7

15 НИСАН (почнува на зајдисонце)

Сабота

2011 вто. 19 април

Пилат поставува стражари на Исусовиот гроб

Матеј 27:62-66

gt 127, пас. 8-9

16 НИСАН (почнува на зајдисонце)

Марко 16:1

2011 сре. 20 април

Воскреснат

▪ Им се појавува на учениците

Матеј 28:1-15

Марко 16:1-8

Лука 24:1-49

Јован 20:1-25

gt од 127, пас. 10 до 129, пас. 10

[Фуснота]

^ пас. 29 Овие броеви се однесуваат на поглавјата во книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел (gt). Табела во која се наведени детални библиски извештаи за службата на Исус во последните денови од неговиот живот има на 290. страница од книгата Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно(срп.). Овие книги се издадени од Јеховините сведоци.