Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Пророштво 3: Болести

Пророштво 3: Болести

Пророштво 3: Болести

„Ќе има... смртоносни епидемии“ (ЛУКА 21:11, Радосна Вест)

● Бонзали, здравствен работник од една африканска земја растргната од граѓанска војна, прави сѐ што може за да им помогне на рударите од неговиот град кои умираат од вирусот Марбург. * Одговорните медицински лица од еден поголем град останале глуви на неговите молби да се преземе нешто. По четири месеци конечно стигнала помош, но Бонзали бил мртов. Се заразил од истата болест што ја имале рударите кои сакал да ги спаси.

ШТО ПОКАЖУВААТ ФАКТИТЕ? Инфекциите на дишните патишта (како што е пневмонијата), цревните зарази кои предизвикуваат дијареја, ХИВ/СИДА-та, туберкулозата и маларијата се меѓу најсмртоносните болести на денешницата. Во една од изминативе години, овие пет категории на болести покосиле околу 10,7 милиони луѓе. Со други зборови, од нив умирало приближно едно лице на секои три секунди, и тоа во текот на целата година.

ВООБИЧАЕН ПРИГОВОР. Бројот на светското население и понатаму расте, па затоа е разбирливо што има повеќе луѓе кои се разболуваат. Се зголемува бројот на лицата што можат да се заразат.

ДАЛИ ОВОЈ ПРИГОВОР ИМА ОСНОВА? Светското население драстично се зголемило. Но, и човекот станал постручен да ги дијагностицира, да ги држи под контрола и да ги лекува болестите. Затоа, зар не е логично да очекуваме да има помалку болести? Сепак, се случува токму спротивното.

ШТО МИСЛИШ ТИ? Дали луѓето страдаат од ужасни болести, како што е проречено во Библијата?

Земјотресите, гладот и болестите им го уништуваат животот на милиони луѓе. Но, причина за страдањето на милиони други е самиот човек — мнозина стануваат жртви на оние што, всушност, би требало да ги заштитат. Забележи што кажува едно библиско пророштво.

[Фуснота]

^ пас. 3 Марбург хеморагичната треска е предизвикана од еден вирус што е сроден на еболата.

[Истакната мисла на страница 6]

„Ужасно е да те изеде лав или некое друго животно, но исто толку ужасно е однатре да те јаде некоја страшна болест и да гледаш дека истото им се случува и на други околу тебе“ (ЕПИДЕМИОЛОГОТ МАЈКЛ ОСТЕРХОЛМ)

[Извор на слика на страница 6]

© William Daniels/Panos Pictures