Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што е Божјето Царство?

Што е Божјето Царство?

Учи од Божјата Реч

Што е Божјето Царство?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Што е Божјето Царство?

Божјето Царство е небесна влада. Тоа ќе ги замени сите други влади и ќе овозможи Божјата волја да се врши како на небото така и на Земјата. Значи, Божјето Царство е добрата влада која ни е толку многу потребна. (Прочитај Даниел 2:44; Матеј 6:9, 10.)

Едно царство мора да има цар. Јехова го поставил својот Син, Исус, за Цар на Божјето Царство. (Прочитај Лука 1:30-33.)

2. Зошто Исус е идеален владетел?

Божјиот Син е идеален Цар бидејќи е љубезен, постапува праведно и има моќ да им помогне на луѓето (Матеј 11:18-30). Откако воскреснал, Исус отишол на небото, седнал од десната страна на Јехова и чекал да му биде дадена власт (Евреите 10:12, 13). Кога дошло времето за тоа, Бог го поставил да владее од небото. (Прочитај Даниел 7:13, 14.)

3. Кој друг ќе владее заедно со Исус?

Заедно со Исус, од небото ќе владее и една група луѓе кои се наречени „светите слуги“ (Даниел 7:27). Меѓу првите што Бог ги избрал да бидат дел од оваа група биле Исусовите верни апостоли. Јехова и денес продолжува да избира верни мажи и жени кои ќе владеат со него. И тие воскреснуваат со духовно тело. (Прочитај Јован 14:1-3; 1. Коринќаните 15:42-45.)

Колкав е бројот на оние што ќе бидат на небото? Исус ги нарекол „мало стадо“ (Лука 12:32). Нивниот број е 144.000 и тие ќе владеат над Земјата заедно со Исус. (Прочитај Откровение 5:9, 10; 14:1.)

4. Кога почнало да владее Божјето Царство?

Исус станал Цар во 1914 год. * Кратко потоа, ги исфрлил на Земјата Сатана и неговите демони (Откровение 12:7-10, 12). Оттогаш, луѓето доживуваат сѐ поголеми неволји. Војните, земјотресите, гладот, болестите и беззаконијата покажуваат дека живееме во последните денови на овој свет (2. Тимотеј 3:1-5). Сите што сакаат да го дочекаат времето кога ќе владее Божјето Царство, треба да станат следбеници на Царот, Исус. (Прочитај Лука 21:7, 10, 11, 31, 34, 35.)

5. Што постигнува Божјето Царство денес?

Со тоа што добрата вест се проповеда низ целиот свет, Божјето Царство уште денес им помага на милиони луѓе од сите народи да го запознаат Бог (Матеј 24:14). Кога ќе биде уништен сегашниов злобен свет, тоа Царство ќе заштити едно „големо мноштво“ верни поданици на Исус. (Прочитај Откровение 7:9, 10, 13-17.)

Во период од 1.000 години, Царството постепено ќе ја претвора целата Земја во рај. На крајот, Исус ќе му го предаде Царството на својот Татко (1. Коринќаните 15:24-26). Познаваш ли некој на кого би можел да му ја пренесеш пораката за Божјето Царство? (Прочитај Псалм 37:10, 11, 29.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 8. и 9. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Фуснота]

^ пас. 13 Нешто повеќе за тоа како пророштвата од Библијата укажуваат на 1914 год., можеш да прочиташ на страници 215-218 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.