Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да им се спротивставиме на искушенијата

Како да им се спротивставиме на искушенијата

Катче за младите

Како да им се спротивставиме на искушенијата

ЈОСИФ — 1 ДЕЛ

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Јосиф и жената на Петефри.

Кратка содржина: Јосиф му се спротивставува на искушението да легне со жената на Петефри.

1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 39:1-12.)

Како си ја замислуваш куќата на Петефри?

․․․․․

Како изгледал Јосиф? (Мала помош: Повторно прочитај го стих 6.)

․․․․․

Какви чувства се насетуваат во гласот на Јосиф додека зборувал со жената на Петефри, како што е запишано во стиховите 8 и 9?

․․․․․

2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Зошто Јосиф можел лесно да потклекне на искушението да ги погази своите морални мерила? (Мала помош: Прочитај Филипјаните 2:12 и размисли за околностите во кои се нашол Јосиф. На пример, кога му се случило тоа, каде било неговото семејството и другите слуги на Јехова?)

․․․․․

Што мислиш, зошто за Јосиф било грев да направи неморал, кога во тоа време Бог сѐ уште немал дадено закон против прељубата? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од 1. Мојсеева 2:24; 12:17, 18; Римјаните 2:14, 15 и Евреите 5:14.)

․․․․․

3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

врската помеѓу самосовладувањето и задржувањето на достоинството:

․․․․․

благословите што ги добиваат оние кои живеат според Божјите морални мерила:

․․․․․

потребата да ја вежбаш својата „моќ на согледување“ (Евреите 5:14):

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Во кои ситуации би можел да бидеш порешителен и да му се спротивставиш на искушението да направиш неморал? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од Јов 31:1; Псалм 119:37 и Ефешаните 5:3, 4.)

․․․․․

4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com