Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

1. Бог е мистерија — точно или не?

1. Бог е мистерија — точно или не?

1. Бог е мистерија — точно или не?

Што можеби мислиш: „Бог дејствува на мистериозен начин“.

„Не можеме да го сфатиме Таткото, не можеме да го сфатиме Синот и не можеме да го сфатиме светиот дух“ (Објаснување на тројството според Атаназиското верување, застапено во многу цркви на христијанството).

Што вели Библијата: Исус рекол дека оние што ќе ‚го запознаат единствениот вистински Бог‘ ќе бидат благословени (Јован 17:3). Но, како можеме да го запознаеме Бог ако тој е мистерија? Бог не само што не се крие од луѓето туку сака сите да го запознаат (Еремија 31:34).

Се разбира, никогаш нема да знаеме сѐ за Бог. Тоа не е ништо чудно бидејќи неговите мисли и патишта се многу повисоки од нашите (Проповедник 3:11; Исаија 55:8, 9).

Како може да ти помогне вистината: Ако Бог е мистерија што не може да се разбере, тогаш зошто воопшто некој да се обидува да го запознае? Сепак, Бог не ни помага само да сфатиме каков е туку ни помага и да станеме блиски пријатели со него. Тој го нарекол својот верен слуга Авраам свој „пријател“, а израелскиот цар Давид напишал: „Јехова е близок со оние што се бојат од него“ (Исаија 41:8; Псалм 25:14).

Дали мислиш дека е невозможно да се биде близок пријател со Бог? Можеби на прв поглед ти изгледа така, но во Дела 17:27 пишува: „Бог... не е далеку од никого од нас“. Во која смисла? Преку Библијата, Бог ни помага да го запознаеме. a

Тој ни го кажува своето име, Јехова (Исаија 42:8). Во Библијата е запишано како постапувал со луѓето за да знаеме и каква личност е. Освен тоа, Бог ни ги открива и своите чувства. Тој е „милосрден и љубезен, бавен на гнев, полн со милост и вистина“ (2. Мојсеева 34:6). Нашите постапки може да влијаат врз неговите чувства. На пример, древните Израелци ‚го жалостеле‘ Бог кога се бунеле против него. А кога некој постапува мудро и го слуша, Бог се радува (Псалм 78:40; Изреки 27:11).

[Фуснота]

a Нешто повеќе за тоа што вели Библијата за Бог можеш да прочиташ во 1. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 4]

Ако Бог е мистериозно тројство, како е можно да го запознаеме?

[Извор на слика на страница 4]

The Trinity c.1500 Flemish School (16th century) / H. Shickman Gallery New York USA / The Bridgeman Art Library International