Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

4. Бог е неправеден — точно или не?

4. Бог е неправеден — точно или не?

4. Бог е неправеден — точно или не?

Што можеби мислиш: „Бог владее со овој свет и затоа сѐ што се случува е по негова волја. Бидејќи во светот има многу предрасуди, неправди и угнетување, сигурно Бог стои зад сето тоа“.

Што вели Библијата: Бог не ги предизвикува неправдите во светот. Во Библијата, за Јехова пишува: „Делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда“ (5. Мојсеева 32:4).

Бог е великодушен кон сите, вклучувајќи ги и оние што мислиме дека не го заслужуваат тоа. На пример, „тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:45). Постапува праведно кон луѓето од сите раси и култури. Во Дела 10:34, 35 пишува: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“.

Тогаш, кој стои зад сите неправди? Многу луѓе свесно одлучуваат да постапуваат неправедно и не се угледуваат на Бог, кој е праведен (5. Мојсеева 32:5). Исто така, Библијата покажува дека Бог му дозволува на својот непријател, Ѓаволот, да владее со светот a (1. Јованово 5:19). Меѓутоа, Бог наскоро ќе му стави крај на тоа неправедно владеење. Тој веќе одредил како ќе „ги уништи делата на Ѓаволот“ (1. Јованово 3:8).

Како може да ти помогне вистината: Можеби си разочаран од бескрајните извештаи за корупција, угнетување и неправди. Тоа што ја знаеш причината за неволјите ќе ти помогне да сфатиш зошто во светот владеат толку лоши услови и зошто обидите на луѓето да го направат светот подобро место за живеење секогаш завршуваат со неуспех (Псалм 146:3). Наместо да вложуваш време и сили на промени кои во најдобар случај би донеле само привремена корист, можеш да имаш доверба во Божјите ветувања за една подобра иднина (Откровение 21:3, 4).

Тоа што знаеме кој стои зад сите неправди ќе ни помогне кога лично ќе нѐ погоди некоја неволја. Кога ни е нанесена некоја неправда, можеби и ние се чувствуваме како Божјиот слуга Авакум, кој рекол: „Законот ја губи силата и правдата никогаш не излегува на видело“ (Авакум 1:4). Бог не го прекорил Авакум за тие зборови. Наместо тоа, го уверил дека во одредено време ќе ги поправи сите работи и му помогнал да најде радост и покрај неволјите (Авакум 2:2-4; 3:17, 18). Ако и ти имаш доверба во Божјето ветување дека ќе ја надомести штетата од секоја неправда, ќе пронајдеш спокојство и мир во овој неправеден свет.

[Фуснота]

a Нешто повеќе за тоа како настанал Ѓаволот можеш да прочиташ во 3. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

[Истакната мисла на страница 7]

Дали е вистина дека Бог е виновен за страдањата и неправдите?

[Извор на слика на страница 7]

© Sven Torfinn/Panos Pictures