Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

5. Бог ја прифаќа секоја религија — точно или не?

5. Бог ја прифаќа секоја религија — точно или не?

5. Бог ја прифаќа секоја религија — точно или не?

Што можеби мислиш: „Како што многу патишта водат до исто место, така и многу патишта водат до Бог. Секој човек мора да си го најде својот пат до Бог.“

Што вели Библијата: Мора искрено да му служиме на Бог, и не треба да бидеме лицемерни. Исус им кажал на верските водачи од негово време зошто Бог ги отфрлил: „Исаија добро пророкуваше за вас, лицемери, кога напиша: ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене‘“ (Марко 7:6). Сепак, самото тоа што сме искрени не е гаранција дека Бог ќе ја прифати нашата служба.

Исус јасно го покажал тоа кога го разоткрил главниот пропуст на тие верски водачи и нивните следбеници. На нив ги применил Божјите зборови: „Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди“ (Марко 7:7). Тие му служеле на Бог „залудно“ затоа што нивните верски традиции им биле поважни од она што го барал Бог.

Наместо да го поткрепи тврдењето дека има повеќе исправни начини да му се служи на Бог, Библијата покажува дека има само еден. Во Матеј 7:13, 14 пишува: „Влезете низ тесната врата. Зашто, широк и простран е патот што води во пропаст, и мнозина одат по него. А тесна е вратата и тесен е патот што води во живот, и малцина го наоѓаат“.

Како може да ти помогне вистината: Како ќе се чувствуваш ако со месеци напорно тренираш за да учествуваш на маратонска трка, прв стигнеш на целта, но те дисквалификуваат затоа што несвесно си прекршил некое правило? Можеби ќе мислиш дека сиот труд што си го вложил е залуден. Дали нешто слично може да се случи и со нашата служба за Бог?

Споредувајќи ја нашата служба со атлетски натпревар, апостол Павле напишал: „Ако некој се натпреварува во игрите, нема да ја добие наградата ако не се натпреварува според правилата“ (2. Тимотеј 2:5). Божјата наклоност ќе ја стекнеме само ако му служиме „според правилата“, односно онака како што тој бара од нас. Не можеме да си избереме сопствен пат до Бог, исто како што еден тркач не може сам да ја одбере својата патека, а сепак да очекува да биде прогласен за победник.

За да му угодиме на Бог, мора да му служиме во склад со вистината. Исус рекол: „Вистинските поклоници ќе му оддаваат почит на Таткото со дух и со вистина“ (Јован 4:23). Вистинскиот пат до Бог ни го покажува неговата Реч, Библијата (Јован 17:17). a

[Фуснота]

a Нешто повеќе во врска со тоа како да му служиме на Бог на исправен начин можеш да прочиташ во 15. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?

[Истакната мисла на страница 8]

Дали сите религии ги поучуваат луѓето да му служат на Бог онака како што тој бара?