Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како да имаш среќен семеен живот?

Како да имаш среќен семеен живот?

Учи од Божјата Реч

Како да имаш среќен семеен живот?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Зошто е важно сопружниците да бидат венчани за да имаат среќен семеен живот?

Јехова, кој е среќен Бог, е оној што го основал бракот. Законски склопениот брак е предуслов за среќен семеен живот не само затоа што брачните другари можат да се потпрат еден на друг туку и затоа што тој обезбедува стабилна средина во која родителите ќе ги подигаат своите деца. Како гледа Бог на бракот? Тој сака бракот да биде трајна, законски регистрирана врска меѓу еден маж и една жена (Лука 2:1-5). Бог сака мажот и жената да бидат верни еден на друг (Евреите 13:4). Јехова дозволува еден христијанин да се разведе и повторно да стапи во брак само ако неговиот брачен другар извршил прељуба. (Прочитај Матеј 19:3-6, 9.)

2. Како треба сопругот и сопругата да се однесуваат еден со друг?

Јехова ги создал мажот и жената да се дополнуваат во своите улоги (1. Мојсеева 2:18). Како поглавар, првенствено сопругот е одговорен да се грижи за материјалните и духовните потреби на своето семејство. Тој треба да покажува самопожртвувана љубов кон сопругата. Мажот и жената треба да се сакаат и да се почитуваат. Бидејќи и двајцата се несовршени, за да имаат среќен брак многу е важно да научат да си простуваат. (Прочитај Ефешаните 4:31, 32; 5:22-25, 33; 1. Петрово 3:7.)

3. Дали треба да го прекинеш бракот ако не те прави среќен?

Кога меѓу брачните другари ќе дојде до несогласувања, тие не смеат да заборават дека љубовта треба да ги води нивните постапки (1. Коринќаните 13:4, 5). Божјата Реч покажува дека брачните проблеми не треба да се решаваат со тоа што сопружниците ќе живеат одвоено. Меѓутоа, во екстремни случаи, еден христијанин ќе треба да донесе лична одлука дали да живее одвоено или не. (Прочитај 1. Коринќаните 7:10-13.)

4. Што им посакува Бог на децата?

Деца, Јехова сака да бидете среќни. Тој ви ги дава најдобрите совети за да имате среќно детство. Бог сака да учите од мудроста и искуството на вашите родители (Колошаните 3:20). На Јехова му е многу мило кога ги слушате родителите. (Прочитај Проповедник 11:9—12:1; Матеј 19:13-15; 21:15, 16.)

5. Родители, што им е потребно на децата за да бидат среќни?

Треба да работите напорно за да им обезбедите на своите деца храна, облека и кров над глава (1. Тимотеј 5:8). Но, за децата да бидат среќни, треба да им всадите љубов кон Бог и желба да учат од него (Ефешаните 6:4). Ако и вие на дело покажете дека го сакате Бог, ќе допрете до срцето на детето. Кога ги поучувате на темел на Божјата Реч, им помагате на вашите деца исправно да размислуваат. (Прочитај 5. Мојсеева 6:4-7; Изреки 22:6.)

На децата им е убаво кога ги охрабрувате и ги пофалувате. Исто така, потребно е да ги исправате и укорувате. Ако ги воспитувате на ваков начин, ќе ги заштитите од постапки кои ќе им ја уништат среќата (Изреки 22:15). Сепак, никогаш не треба да бидете груби или сурови. (Прочитај Колошаните 3:21.)

Јеховините сведоци имаат издадено неколку книги кои се наменети да им помогнат на родителите и на децата. Овие книги се темелат на Библијата. (Прочитај Псалм 19:7, 11.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 14. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци