Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Спасени од вжарената печка!

Спасени од вжарената печка!

Катче за младите

Спасени од вжарената печка!

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Седрах, Мисах, Авденаго и Навуходоносор.

Кратка содржина: Верата на тројцата млади Евреи е ставена на испит.

1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ ДАНИЕЛ 3:1-30.)

Опиши ги звуците што си ги замислуваш додека ги читаш стиховите 3 до 7.

․․․․․

Што мислиш, каква била вжарената печка?

․․․․․

Кои чувства може да се насетат во гласот на Навуходоносор додека заповеда печката да биде вжарена седумпати посилно од обично? (Повторно прочитај ги стиховите 19 и 20.)

․․․․․

Што мислиш, како изгледале четворицата мажи во печката? (Повторно прочитај ги стиховите 24 и 25.)

․․․․․

Кои особини ги покажале Седрах, Мисах и Авденаго кога зборувале со Навуходоносор, како што се гледа од стиховите 16-18?

․․․․․

2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Истражувај во публикациите што ги имаш и дознај колку изнесувала должината на еден лакот. Потоа, пресметај ја големината на кипот што го направил Навуходоносор. (Повторно прочитај го стих 1.)

․․․․․

Спореди ги стиховите 19 и 20 со стиховите 28 и 29. Што мислиш, каков човек бил Навуходоносор?

․․․․․

3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

тоа како да покажеш почит кон оние што имаат авторитет:

․․․․․

тоа колку е важно да се држиш за своите верувања:

․․․․․

начинот на кој Јехова може да ти помогне во тешки ситуации:

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Во кои ситуации твојата вера би можела да биде ставена на испит?

․․․․․

Како тоа што им се случило на Седрах, Мисах и Авденаго ќе ти помогне да останеш верен?

․․․․․

4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.pr418.com