Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Денешните Астеци стануваат вистински христијани

Денешните Астеци стануваат вистински христијани

Денешните Астеци стануваат вистински христијани

„Храмовите биле претворени во прав и пепел, идолите биле уништени, а пламените јазици ги проголтале светите книги, но древните богови продолжиле да живеат во срцата на Индијанците“ (Древните култури во Мексико — Las antiguas culturas mexicanas).

МЕКСИКО е татковина на Астеците, кои во 13 век се доселиле како мало племе, но подоцна станале царство рамно на царството на Инките во Перу. Иако царството на Астеците пропаднало кога шпанскиот освојувач Ернан Кортес го освоил Тенохтитлан во 1521 год., нивниот јазик, нахуатл, воопшто не е мртов. * Сѐ уште го зборуваат околу еден и пол милион староседелци во најмалку 15 држави на Мексико. Овој јазик овозможил да бидат сочувани некои древни верувања на Астеците, како што забележал истражувачот Валтер Крикберг, цитиран погоре. Кои се некои од тие верувања?

Чудни, а сепак познати обичаи

Еден од најпознатите обичаи на Астеците е принесувањето човечки жртви. Тој потекнува од верувањето дека сонцето ќе умре ако не се храни со човечки срца и крв. Според шпанскиот калуѓер Диего Дуран, на посветувањето на големиот храм во Тенохтитлан во 1487 год., за четири дена биле жртвувани повеќе од 80.000 луѓе.

Иако Шпанците биле шокирани од овој обичај, се изненадиле што многу други верувања на Астеците биле слични со верувањата на Католичката црква. На пример, Астеците имале еден вид причесна на која се јаделе фигури од нивните богови направени од пченка. Понекогаш се јадело и месото на луѓето што биле жртвувани. Астеците обожавале крст, се исповедале и крштавале бебиња. Можеби најчудна сличност било тоа што ја обожавале Тонанцин, девицата која ја сметале за „Мајка на боговите“ и од милост ја нарекувале „Нашата мамичка“.

Се вели дека на истото ритче на кое Астеците ја обожавале Тонанцин, во 1531 год. на еден Астек му се појавила темнокожата католичка Дева Марија од Гвадалупе, која зборувала нахуатл. Со тоа се забрзало преобраќањето на Астеците во католицизмот. На подножјето на храмот на Тонанцин било направено светилиште на оваа девица. Секоја година, на 12 декември, базиликата ја посетуваат стотици илјади Мексиканци, од кои мнозина зборуваат нахуатл.

Луѓето од народот Нахуатл што живеат во далечните планински предели слават многу празници во чест на нивните светци-заштитници. Некои од тие празници траат со денови, па дури и со недели. Во книгата Светот на Астеците (El universo de los aztecas) пишува дека домородното население „го поврзува обожавањето на светците на Католичката црква со обичаите што се практикувале пред доаѓањето на Кортес“. Народот Нахуатл многу се занимава и со спиритизам. Кога некој ќе се разболи, го носат кај исцелители кои извршуваат ритуално чистење и принесуваат животински жртви. Освен тоа, неписменоста е многу раширена и повеќето луѓе не знаат да читаат ниту шпански ниту нахуатл. Бидејќи се држат за своите обичаи и јазик и бидејќи се многу сиромашни, тие живеат на маргините на општеството.

Библиската вистина стигнува до денешните Астеци

Со години, Јеховините сведоци во Мексико вложуваат напори за да им ја пренесат на сите луѓе ‚добрата вест за царството‘ (Матеј 24:14). Во 2000 год., подружницата на Јеховините сведоци во Мексико почна да прави планови на староседелците да им се проповеда на нивниот мајчин јазик, нахуатл. Исто така, беа формирани и собранија на јазикот нахуатл за сите луѓе што дотогаш ги посетувале состаноците на шпански. Беше формиран и тим за преведување на библиска литература на нахуатл. Освен тоа, се вложија напори луѓето што зборуваат нахуатл да научат да читаат и да пишуваат на својот мајчин јазик. Со какви резултати? Да спомнеме неколку искуства.

Кога една жена првпат чула библиско предавање на својот јазик, нахуатл, одушевено рекла: „Десет години одевме на состаноци и мака мачевме да го разбереме шпанскиот јазик. Но, сега како да почнуваме нов живот!“ Шеесетгодишниот Хуан ја проучувал Библијата и заедно со неговата жена и деца одел на состаноци на шпански јазик цели осум години без да напредува. Тогаш почнал да ја проучува Библијата на нахуатл, и за помалку од една година станал Јеховин сведок!

Како што покажуваат овие искуства, многумина за првпат ја чуле вистината од Библијата на шпански, но не ја разбирале потполно. Меѓутоа, откако има состаноци, конгреси и публикации на нивниот мајчин јазик, целосно ја сфатиле библиската вистина и одговорностите што ги има еден христијанин.

Надминување на пречките

Духовниот напредок на луѓето што зборуваат нахуатл не е без пречки. На пример, силен е притисокот да учествуваат во верски празници. Во Сан Агустин Оапан, на Јеховините сведоци не им беше дозволено да проповедаат од куќа до куќа, од страв дека луѓето ќе престанат да даваат пари за празниците. Кога Флоренсио и уште неколкумина други Сведоци од народот Нахуатл проповедале, тројца од нив биле уапсени. За само 20 минути се собрала толпа луѓе за да одлучат што да прават со нив.

„Сакаа да нѐ убијат на лице место“, раскажува Флоренсио. „Некои предложија да нѐ врзат и да нѐ фрлат во реката! Ноќта ја поминавме в затвор. Следниот ден дојдоа да ни помогнат еден Сведок кој беше адвокат и уште двајца други браќа. Но, и нив ги пикнаа в затвор. На крајот, властите нѐ ослободија под услов да го напуштиме градот.“ И покрај тоа што се случи, по една година таму беше основано собрание со 17 крстени Сведоци и 50-ина лица што доаѓаат на состаноците.

Во Коапала, Алберто бил поканет на прославата на еден празник. Поради тоа што е Јеховин сведок тој одбил, и затоа го ставиле в затвор. Бил свикан општ собир, и некои од луѓето барале да биде обесен за да им се влее страв во коски на сите што имале намера да ја прифатат неговата религија и да престанат да ги држат локалните обичаи. Некои Сведоци се обиделе да му помогнат, но и нив ги уапсиле. Откако завршил празникот, кој траел цела седмица, сите биле пуштени на слобода. Бидејќи противењето продолжило, браќата морале да им се обратат на властите, кои издале налог да се прекине прогонството. Интересно е тоа што главниот подбуцнувач на противењето ја прифатил библиската вистина и за кратко време се крстил. Сега во тој град има собрание.

Полето е зрело за жетва

Откако видоа дека има потенцијал за голем пораст, многу Сведоци почнаа да го учат јазикот нахуатл. Сепак, тоа си носи и свои предизвици. Луѓето од овој народ се многу повлечени и се срамат да зборуваат на својот јазик поради начинот на кој се постапувало со нив во минатото. Освен тоа, овој јазик има многу дијалекти.

Соња, која посветува многу време за да ја проповеда добрата вест, објаснува што ја поттикнало да се нафати да учи нахуатл. „Близу до местото каде што живеам има околу 6.000 работници од овој народ, кои се сместени во работнички кампови под надзор на чувари. Луѓето се многу ранливи и понижени“, вели Соња. „Многу ми е жал, бидејќи овие луѓе некогаш биле горд народ, затоа што кај нив се корените на нашата култура. Цели 20 години им проповедавме на шпански јазик, но не разбираа сѐ што им кажувавме и затоа не беа многу заинтересирани. Меѓутоа, кога научив неколку зборови на нивниот јазик, реакцијата беше сосема поинаква. Се собираа околу мене за да слушнат што имам да им кажам. На една жена ѝ предложив да ја научам да чита и да пишува, а таа мене да ме научи да зборувам на нахуатл. Сега во сите нивни кампови ме знаат како ‚жената што зборува нахуатл‘. Се чувствувам како мисионер во својата земја.“ Денес, во тоа место има собрание на јазикот нахуатл.

И Марисела посветува многу време за да проповеда и се труди да го научи овој јазик. На почеток, таа ја проучувала Библијата со 70-годишниот Феликс на шпански јазик. Како што учела нахуатл, Марисела почнала да му ги објаснува работите на неговиот јазик. Ова имало убав ефект. Длабоко ја трогнало прашањето на Феликс: „Дали Јехова ме слуша кога му се молам на нахуатл?“ Феликс многу се израдувал кога дознал дека Јехова ги разбира сите јазици. Тој редовно оди на состаноците, иако треба да пешачи час и половина. Сега е крстен Јеховин сведок. Марисела вели: „Многу сум среќна што соработувам со ангелот кој им ја објавува добрата вест на сите народи!“ (Откровение 14:6, 7).

Навистина, полето за проповедање на јазикот нахуатл е ‚зрело за жетва‘ (Јован 4:35). Го молиме Јехова Бог и понатаму да ги повикува луѓето од сите народи, вклучувајќи ги и добродушните Астеци денес, да се искачат на неговата гора и да бидат поучени за неговите патишта (Исаија 2:2, 3).

[Фуснота]

^ пас. 3 Нахуатл припаѓа на уто-астечката група јазици, која ја зборуваат и други племиња како што се Хопите, Шошоните и Команчите во Северна Америка. Многу зборови на јазикот нахуатл, како што се авокадо, домат, којот и чоколада, влегле и во македонскиот јазик.

[Карта на страница 13]

(Види во публикацијата)

МЕКСИКО СИТИ

ПОПУЛАЦИЈА НА АСТЕЦИТЕ

150.000

ПОД 1.000