Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Важни ли се одговорите?

Важни ли се одговорите?

Важни ли се одговорите?

„Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (ЈОВАН 8:32)

ВО БИБЛИЈАТА се наоѓа вистината што може да нѐ ослободи од збунувачките, па дури и погрешни верувања во врска со Исус. Дали е навистина важно што веруваме за него? Да. Важно му е на Јехова. Важно му е на Исус. А треба да ни биде важно и нам.

Зошто му е важно на Јехова? Едноставно, затоа што „Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Јехова сака да живееме вечно и среќно. Исус рекол: „Бог толку многу го сакаше светот [луѓето] што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него... да има вечен живот“ (Јован 3:16). Бог го испратил својот Син да биде наш Откупител и да ни овозможи да живееме засекогаш во рај на Земјата, како што била неговата првобитна намера (1. Мојсеева 1:28). Бог многу сака да им даде вечен живот на оние што ќе ја дознаат вистината за неговиот Син и ќе постапуваат во склад со неа (Римјаните 6:23).

Зошто му е важно на Исус? И Исус ги сака луѓето. Тој покажал самопожртвувана љубов со тоа што спремно го дал својот живот за нас (Јован 15:13). Сфатил дека само така можеме да се спасиме (Јован 14:6). Треба ли да нѐ изненади тоа што Исус сака колку што е можно повеќе луѓе да извлечат корист од откупната жртва? Затоа им дал задача на своите вистински следбеници да ги поучуваат луѓето во целиот свет за Божјата волја и намера (Матеј 24:14; 28:19, 20).

Зошто треба да ни е важно нам? Застани за момент и размисли за она што многу ти значи — здравјето и семејството. Дали посакуваш ти и твоите најблиски да имате добро здравје и подобар живот? Преку Исус, Јехова ви нуди можност да имате совршено здравје и бескраен живот во еден нов свет, во кој ќе нема болка и страдање (Псалм 37:11, 29; Откровение 21:3, 4). Би сакал ли да го доживееш тоа? Ако сакаш, треба да направиш нешто.

Погледни го уште еднаш библискиот стих цитиран веднаш до насловот: „Ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“. Вистината за Исус и за неговата улога во исполнувањето на Божјата намера може да нѐ ослободи од најтешкото ропство — ропството на гревот и смртта. Но, за да ја добиеш таа слобода, мора да ја ‚запознаеш вистината‘. Затоа, дознај нешто повеќе за оваа вистина и како таа може да ти користи тебе и на твоите најблиски. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат во тоа.