Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Катче за младите

Мојсеј добива посебна задача

Мојсеј добива посебна задача

Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на ликовите. Живо претстави си ги настаните.

Главни ликови: Јехова Бог и Мојсеј.

Кратка содржина: Јехова му дава задача на Мојсеј да ги изведе Израелците од Египет.

1. АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 2. МОЈСЕЕВА 3:1-14; 4:1-17.)

Опиши како си ја замислуваш грмушката што горела.

․․․․․

Со каков израз на лицето и тон на гласот си замислуваш дека реагирал Мојсеј кога чул што му рекол Бог, според она што е запишано во 2. Мојсеева 3:4?

․․․․․

Со какви чувства во гласот Мојсеј му ги поставил на Јехова прашањата запишани во 2. Мојсеева 3:11, 13 и 4:1, 10?

․․․․․

2. РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.

Истражувај темелно и дознај нешто повеќе за зборовите: „Ќе станам сѐ што ќе посакам да станам“ (2. Мојсеева 3:14). Зошто Јехова одговорил така кога Мојсеј го прашал кое е Неговото име? *

․․․․․

Што мислиш, зошто Мојсеј се колебал да појде кај фараонот? (Мала помош: Прочитај 4. Мојсеева 12:3.)

․․․․․

Зошто Мојсеј се колебал да зборува со Израелците?

․․․․․

3. ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...

склоноста на луѓето да немаат самодоверба:

․․․․․

довербата што ја има Јехова во тебе и во твоите способности:

․․․․․

ДРУГИ ПОУКИ.

Во кои работи ти недостига самодоверба?

․․․․․

Што можеш да правиш за Јехова Бог и покрај твоите ограничувања?

․․․․․

4. ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?

․․․․․

За да преземеш фајл или да ја отпечатиш оваа статија, посети ја веб-страницата www.pr418.com

Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци, или читај ја на интернет на www.watchtower.org

[Фуснота]

^ пас. 14 Јеховините сведоци издаваат многу книги и брошури што ќе ти помогнат подлабоко да ја проучуваш Библијата. За повеќе информации, стапи во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или пиши им на издавачите на ова списание.