Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Кога Англо-Америка почнала да дејствува како седмата светска сила која е проречена во Библијата?

▪ Огромниот кип составен од различни метали што царот Навуходоносор го видел во сон не ги претставува сите светски сили (Дан. 2:31-45). Со него се претставени само пет моќни царства кои од времето на Даниел до денес директно се бореле против Божјиот народ.

Од описот на кипот што го дал Даниел можеме да заклучиме дека англо-американската светска сила немало да го порази Рим туку требало да потекне од него. Даниел видел дека железото од кое биле направени нозете се протегало сѐ до стапалата и ножните прсти на кипот. (Во стапалата и прстите, железото е измешано со глина.) * Ова покажувало дека англо-американската светска сила ќе потекне од Рим, кој е претставен со железните нозе. Историјата потврдува дека овој опис навистина бил точен. Британија порано била дел од Римската Империја, но во втората половина на 18 век започнал нејзиниот подем како моќно царство. Подоцна и Соединетите Американски Држави станале моќна сила. Сепак, Британија и САД сѐ уште не дејствувале како седмата светска сила од библиското пророштво. Зошто? Затоа што сѐ уште не почнале да соработуваат на еден посебен начин. Тие станале многу блиски сојузници дури во Првата светска војна.

Во тоа време, „синовите на царството“ проповедале главно во Соединетите Држави, а нивното седиште било во Бруклин, Њујорк (Мат. 13:36-43). Помазаните христијани ревносно проповедале во земји кои биле дел од Британската Империја. Во текот на Првата светска војна, Британија и САД станале многу блиски соработници во борбата против заедничките политички непријатели. Исто така, понесени од националистичкиот жар кој го разгорела војната, тие покажале омраза кон оние што биле дел од потомството на Божјата „жена“ така што забраниле некои нивни публикации и ги затвориле браќата кои предводеле во проповедањето (Отк. 12:17).

Значи, од библиска гледна точка, седмата светска сила не се појавила при крајот на 18 век, кога започнал подемот на Британија како моќно царство. Напротив, Англо-Америка почнала да дејствува како седма светска сила во почетокот на денот на Господарот. *

[Фусноти]

^ Глината која е помешана со железо ги претставува елементите, односно обичните луѓе во рамките на англо-американската светска сила. Таа „глина“ сѐ повеќе ѝ отежнува на оваа светска сила да владее со железна рака.

^ Ова е ново објаснување во однос на информациите што беа разгледани во 24. пасус на 57. страница од книгата Даниеловото пророштво и во табелите на страници 56 и 139.

[Слика на страница 19]

Осум браќа од главното седиште на Watchtower биле ставени в затвор во јуни 1918 год.