Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Теократски школи — доказ за Јеховината љубов

Теократски школи — доказ за Јеховината љубов

ЈЕХОВА е нашиот „Најголем Учител“ (Иса. 30:20). Љубовта го поттикнува да ги поучува и оспособува другите. На пример, затоа што многу го сака Исус, Јехова му покажува „сѐ што прави самиот“ (Јован 5:20). Затоа што многу нѐ сака како свои Сведоци, Јехова ни дава „учен јазик“ за да можеме со цело срце да го славиме и да им помагаме на другите (Иса. 50:4).

Следејќи го примерот на љубов што го дава Јехова, Одборот за поучување на Водечкото тело користи десет теократски школи за да ги поучи и оспособи оние што сакаат и што можат да учествуваат во нив. Дали гледаш на овие школи како на уште еден доказ за Јеховината љубов?

Следува краток преглед на тековните теократски школи, како и неколку изјави на оние што имале учество во нив. Откако ќе ги разгледаш овие информации, добро е да се прашаш: ‚Како можам јас да извлечам корист од ова теократско образование?‘

ИЗВЛЕЧИ КОРИСТ ОД ТЕОКРАТСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Јехова, „Богот на љубовта“, ни дава поуки кои ни помагаат да водиме поисполнет живот, нѐ подготвуваат да се справиме со разни проблеми и ни овозможуваат да имаме поголема радост во службата (2. Кор. 13:11). Исто како христијаните во првиот век, ние сме добро оспособени да им помагаме на другите „учејќи ги да држат сѐ“ што заповедал Исус (Мат. 28:20).

Иако не можеме да учествуваме во сите овие школи, можеме да извлечеме корист од една или повеќе од нив, и да ги примениме библиските поуки што ќе ги добиеме. Освен тоа, ќе бидеме уште поуспешни во службата ако соработуваме со други оспособени слуги на Јехова.

Прашај се: ‚Дали околностите ми дозволуваат да учествувам во некоја од овие школи?‘

За Јеховините слуги е голема чест да ги посетуваат овие теократски школи каде што се даваат скапоцени поуки. Обуката што ќе ја добиеш таму нека ти помогне уште повеќе да се зближиш со Бог и уште подобро да ги вршиш одговорностите што ти ги доверил — пред сѐ, важната задача да ја проповедаш добрата вест.