Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Do You Appreciate Our Spiritual Heritage?

Do You Appreciate Our Spiritual Heritage?

„Бог... им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име“ (ДЕЛА 15:14)

1, 2. а) Што претставува ‚Давидовата сеница‘, и како требало повторно да биде изградена? б) Кој го сочинува Јеховиниот народ денес?

 ЗА ВРЕМЕ на еден многу значаен состанок на водечкото тело, кој се одржал во 49 год. од н.е. во Ерусалим, ученикот Јаков рекол: „Симеон [Петар] подробно изнесе како Бог за првпат им обрна внимание на незнабошците за да земе од нив народ за своето име. Тоа е во согласност со зборовите на Пророците, како што е напишано: ‚И потоа ќе се вратам и повторно ќе ја изградам паднатата Давидова сеница. Повторно ќе ги изградам нејзините урнатини и пак ќе ја подигнам, за да можат преостанатите луѓе сесрдно да го побараат Јехова, заедно со луѓето од сите народи, со оние што го носат моето име, вели Јехова, кој го прави сето тоа, познато од старо време‘“ (Дела 15:13-18).

2 ‚Давидовата сеница‘, која го претставува царскиот дом на Давид, паднала кога бил отстранет Седекија, последниот цар на Јуда (Амос 9:11). Но, според пророштвото на Амос, таа сеница повторно требало да биде изградена кога на Давидовиот престол ќе седнел Исус како вечен цар (Езек. 21:27; Дела 2:29-36). Јаков нагласил дека, според ова пророштво, заедно со Исус во небесното Царство требало да владеат и Евреи и не-Евреи. Денес еден остаток од помазани христијани заедно со милиони од ‚другите овци‘ им ја објавуваат библиската вистина на луѓето (Јован 10:16).

ЈЕХОВИНИОТ НАРОД Е ОДВЕДЕН ВО ЗАРОБЕНИШТВО

3, 4. Како Израелците успеале да останат блиски со Бог во Вавилон?

3 Кога Евреите биле одведени во заробеништво во Вавилон, во 607 год. пр.н.е., станало јасно дека ‚Давидовата сеница‘ паднала. Со оглед на тоа што во Вавилон била раширена лажната религија, како успеале Израелците да му останат верни на Јехова во текот на 70-годишното изгнанство? Исто како што и ние му остануваме верни во овој свет кој е под власта на Сатана (1. Јов. 5:19). Јеховините слуги имаат скапоцено духовно наследство што им помага во тоа.

4 Дел од ова наследство е Божјата пишана Реч. Иако еврејските изгнаници ја немале целата Библија, тие го познавале Мојсеевиот закон, во кој биле наведени Десетте заповеди. Исто така, ги знаеле ‚сионските песни‘, се сеќавале на многу изреки и биле запознаени со тоа како некои слуги на Бог му останале верни во минатото. Тие не го заборавиле Јехова, и плачеле кога си спомнувале за Сион. (Прочитај Псалм 137:1-6.) Сето тоа им помогнало да останат блиски со Бог иако се наоѓале во Вавилон, каде што биле опкружени со лажни учења и обичаи.

ТРОЈСТВОТО НЕ Е НОВО УЧЕЊЕ

5. Во кои тријади, односно тројства, верувале древните Вавилонци и Египќани?

5 Едно од главните обележја на вавилонската религија било обожавањето на тријади, односно тројства од богови. На пример, една ваква тријада ја сочинувале Син (богот на месечината), Шамаш (богот на сонцето) и Иштар (божицата на плодноста и на војната). Египќаните обожавале семејства од три богови — татко, мајка и син. Боговите кои ги сочинувале овие тријади, честопати не биле сметани за еднакви. Една египетска тријада ја сочинувале богот Озирис, божицата Изида и нивниот син Хор (Хорус).

6. Што претставува тројството во кое верува христијанскиот свет, и како сме заштитени од тоа лажно учење?

6 И христијанскиот свет верува во тројство, односно во Света Троица. Свештениците тврдат дека Таткото, Синот и светиот дух се еден Бог. Тоа е навреда за Јехова како Севишен Владетел, бидејќи според ова учење тој не е семоќен туку е само еден дел од некое божество. Јеховиниот народ е заштитен од ова лажно учење бидејќи се согласува со следниве зборови од Библијата: „Чуј, Израеле: Јехова, нашиот Бог, е еден Јехова!“ (5. Мој. 6:4). Самиот Исус ја цитирал оваа изјава, а кој вистински христијанин не би се сложил со него? (Мар. 12:29).

7. Зошто не може некој што верува во тројство да се крсти како вистински христијанин?

7 Исус рекол дека сите што сакаат да му служат на Бог треба ‚да се крштаваат во името на Таткото и на Синот и на светиот дух‘ (Мат. 28:19). Според тоа, многу е важно да ја знаеме вистината за тоа кој е Таткото, кој е Синот и што е светиот дух. За да може некој да се крсти како вистински христијанин, односно како Јеховин сведок, мора да верува дека Таткото, Јехова, има поголема власт од Исус, и дека Исус е Божји Син, кој дошол на Земјата како откупнина. Тој мора да верува и дека светиот дух е силата со која се служи Бог, а не дел од некое тројство (1. Мој. 1:2). Колку сме благодарни што нашето духовно наследство нѐ штити од едно вакво учење кое го срамоти Бог!

СПИРИТИЗАМ

8. Што верувале Вавилонците во врска со боговите и демоните?

8 Во Вавилон имало многу лажни учења. Освен што верувале во свои богови, Вавилонците верувале и во демони, а се занимавале и со спиритизам. Според една библиска енциклопедија, Вавилонците сметале дека демоните можат да ги разболуваат луѓето и психички и физички. Затоа им се молеле на своите богови и барале да ги заштитат од демоните.

9. а) По изгнанството во Вавилон, како многу Евреи станале жртви на некои лажни учења? б) Како сме заштитени од опасностите кои ги носи спиритизмот?

9 По изгнанството во Вавилон, под влијание на грчката филозофија, многу Евреи го прифатиле верувањето дека демоните можат да бидат или зли или добри, и на тој начин станале нивни жртви. Но, Бог ни кажува дека е опасно да се занимаваме со спиритизам, односно да се обидуваме да стапиме во контакт со демоните. Всушност, тоа била една од причините зошто тој ги осудил Вавилонците (Иса. 47:1, 12-15). И оваа вистина е дел од нашето духовно наследство. Таа ни помага да гледаме на спиритизмот исто како што гледа Бог. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12; Откровение 21:8.)

10. Што може да се каже во врска со погрешните учења и обичаи во Големиот Вавилон?

10 И денес, многумина што припаѓаат на Големиот Вавилон — светското царство на лажната религија — се занимаваат со спиритизам (Отк. 18:21-24). Религиите што се дел од Големиот Вавилон навистина се исти како религијата во древниот Вавилон бидејќи токму од таму потекнуваат нивните лажни учења и обичаи. Поради спиритизмот, идолопоклонството и другите гревови, Големиот Вавилон наскоро ќе биде уништен. (Прочитај Откровение 18:1-5.)

11. Кои предупредувања во врска со спиритизмот излегоа во нашите публикации?

11 Јехова рекол: „Не поднесувам кога... се занимавате со магија!“ (Иса. 1:13). Во 19 век, многу луѓе се занимавале со спиритизам. Затоа, во Сионска Стражарска кула од мај 1885 год. стоело следново: „Верувањето дека мртвите продолжуваат да живеат во некој друг свет или во друга состојба не е ново. Тоа било дел од религијата на древните народи, и од него влечат корени митологиите на сите култури“. Во истото списание пишувало дека демоните се преправаат дека се некои починати лица кои се обидуваат да стапат во контакт со живите и, како резултат на тоа, успеваат да влијаат врз размислувањето и врз постапките на мнозина. Слични предупредувања биле дадени во една брошурка од тоа време, со наслов Што вели Библијата за спиритизмот?, како и во некои наши понови публикации.

ДАЛИ ДУШИТЕ СЕ МАЧАТ ВО НЕКОЈ ПОДЗЕМЕН СВЕТ?

12. Под водство на светиот дух, што рекол Соломон за состојбата на мртвите?

12 ‚Сите што ја запознале вистината‘ го знаат одговорот на ова прашање (2. Јов. 1). Во врска со состојбата на мртвите, Соломон го рекол следново: „На живиот пес му е подобро отколку на мртвиот лав. Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо... Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила, зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост во гробот во кој одиш“ (Проп. 9:4, 5, 10).

13. Какво влијание извршила грчката религија и култура врз Евреите?

13 Јехова им ја кажал на Евреите вистината за мртвите. Но, кога генералите на Александар Велики завладеале со Јуда и Сирија, се обиделе да ги обединат наметнувајќи им ја грчката религија и култура. Како резултат на тоа, Евреите го прифатиле лажното учење дека човечката душа е бесмртна и дека има еден подземен свет каде што душите се мачат. Но, Грците не биле првите што верувале во вакво место на маки. Во книгата Религијата на Вавилон и Асирија пишува дека и Вавилонците верувале во ‚подземен свет полн со стравотии, каде што силни богови и демони ги мачат душите на луѓето‘ (The Religion of Babylonia and Assyria). Значи, тие верувале во бесмртност на душата.

14. Што знаеле Јов и Авраам во врска со смртта и воскресението?

14 Иако ја немал Библијата, праведниот Јов знаел што се случува со луѓето кога ќе умрат. Исто така, тој бил свесен дека Јехова е Бог полн со љубов кој ќе копнее да го воскресне (Јов 14:13-15). И Авраам верувал во воскресение. (Прочитај Евреите 11:17-19.) Со оглед на тоа што не може да воскресне некој што е бесмртен, овие богобојазливи луѓе не верувале во бесмртност на човечката душа. Без сомнение, Божјиот дух им помогнал на Јов и на Авраам да ја разберат состојбата на мртвите и да имаат вера во воскресение. И овие вистини се дел од нашето духовно наследство.

„ОСЛОБОДЕНИ СО ОТКУПНИНА“

15, 16. Што нѐ ослободува од гревот и смртта?

15 Благодарни сме што Бог ни открил и како ќе нѐ ослободи од гревот и смртта кои сме ги наследиле од Адам (Рим. 5:12). Ние знаеме дека Исус ‚не дошол за да му служат, туку да служи и да го даде својот живот како откупнина за мнозина‘ (Мар. 10:45). Колку сме среќни што сфаќаме дека ‚откупнината што ја платил Христос Исус‘ може да нѐ ослободи! (Рим. 3:22-24).

16 Евреите и не-Евреите кои живееле во првиот век требало да се покаат за своите гревови и да покажат вера во откупната жртва на Исус. Во спротивно, не можеле да добијат простување. Истото важи и денес (Јован 3:16, 36). Оној што продолжува да верува во лажни учења, како што се тројството и бесмртноста на душата, нема да извлече корист од откупнината. Но, тоа не е случај со нас бидејќи ние ја знаеме вистината за ‚Божјиот сакан Син, преку кого сме ослободени со откупнина, и преку кого ни се простени гревовите‘ (Кол. 1:13, 14).

ПРОДОЛЖИ ДА МУ СЛУЖИШ НА ЈЕХОВА!

17, 18. Каде може да најдеме корисни информации за нашата историја, и зошто е добро да учиме од неа?

17 Може да се каже уште многу за вистините што сме ги дознале од Библијата, за она што сме го доживеале како Божји слуги, како и за духовните и материјалните благослови кои ни ги дал Јехова. Во нашиот Годишник со децении излегуваат интересни извештаи за она што го прави Божјиот народ низ целиот свет. Можеме да учиме за историјата на Јеховините сведоци од DVD-јата со наслов Вера на дело, прв и втор дел, и од публикации како што е книгата Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царство (Jehovah’s Witnesses—Proclaimers of God’s Kingdom). Освен тоа, во нашите списанија честопати излегуваат охрабрувачки искуства од нашите сакани соверници.

18 Добро е да учиме за историјата на Јеховината организација, исто како што било добро Израелците да размислуваат за тоа како Бог ги ослободил од ропството во Египет (2. Мој. 12:26, 27). Кога Мојсеј остарел, им го рекол следново: „Сети се на дамнешните денови, размислувај за годините на минатите поколенија. Прашај го татко ти, и ќе ти каже, своите старци, и ќе ти раскажат!“ (5. Мој. 32:7). Како ‚Јеховин народ и стадо на неговото пасиште‘, сите ние радосно го фалиме Бог и им кажуваме на другите за неговите моќни дела (Пс. 79:13). Поуките што ќе ги извлечеме од историјата на Божјиот народ ќе ни помогнат да продолжиме да му служиме со радост.

19. Како може да покажеме дека сме благодарни за тоа што чекориме во духовната светлина која ни ја дава Бог?

19 Благодарни сме што не талкаме во темнина туку чекориме во духовната светлина што ни ја дава Јехова (Изр. 4:18, 19). Затоа, длабоко да ја проучуваме Божјата Реч и ревносно да им ја објавуваме вистината на другите. Се чувствуваме исто како псалмистот, кој рекол: „Ќе зборувам за твојата праведност, само за твојата праведност. Боже, ти ме учеше од мојата младост, и сѐ досега зборувам за твоите чудесни дела. Не оставај ме ни во староста, кога ќе ми побели косата, о Боже, за да можам да му раскажувам на следното поколение за твојата рака, на сите што ќе дојдат — за твојата моќ“ (Пс. 71:16-18).

20. Што покажуваме кога сме му верни на Јехова, и на што си решен ти?

20 Кога сме му верни на Јехова, докажуваме дека сме на неговата страна во спорното прашање, односно дека тој има право да владее како Севишен Господар и дека е достоен да го обожаваме (Отк. 4:11). Јехова ни го дава својот дух за да им ја објавиме добрата вест на кротките, да им ги превиеме раните на оние што се со скршено срце и да им влееме утеха и надеж (Иса. 61:1, 2). И покрај Сатановите неуспешни обиди да владее над Божјиот народ и над целото човештво, ние сме решени да му останеме верни на својот Бог. Нашето духовно наследство ќе ни помогне да останеме блиски со него и да го фалиме како наш Севишен Господар сега и во сета вечност. (Прочитај Псалм 26:11; 86:12.)