Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА: ДАЛИ РЕЛИГИЈАТА ЗАСЛУЖУВА ДОВЕРБА?

Зошто да ја преиспиташ твојата религија?

Зошто да ја преиспиташ твојата религија?

Замисли си дека треба да одиш на тешка операција. Сигурно ќе сакаш да те оперира хирург во кој ќе имаш целосна доверба бидејќи твојот живот ќе биде во негови раце. Зар не би било мудро најпрвин да провериш на каков глас е и колку големо искуство има?

Слично на тоа, мудро ќе биде внимателно да ја преиспиташ и твојата религија. Со тоа што припаѓаш на некоја верска организација, ти, всушност, ја ставаш во нејзини раце твојата иднина, односно можноста да живееш вечно.

Исус кажал по што може да препознаеме каква е една религија. Тој рекол: „Секое дрво се познава по својот плод“ (Лука 6:44). На пример, за да преиспиташ некоја религија, добро е да се прашаш: Какви се нејзините дела? Дали на нејзините водачи им се најважни парите? Дали верниците ги следат библиските начела кога станува збор за војните и моралот? И на крајот, дали воопшто има религија во која можеш да имаш доверба? За тоа ќе прочиташ во следните статии.

„Секое дрво се познава по својот плод“ (Лука 6:44)