Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Колку убави слики!“

„Колку убави слики!“

Колкупати си го помислил ова или си му го кажал некому кога си отворил некој нов број од ова списание? Прекрасните слики и фотографии за кои е вложен толку голем труд не се ставени таму без причина. Тие ни се од голема помош кога проучуваме бидејќи допираат до нашето срце и нѐ поттикнуваат да размислуваме. Особено можат да ни помогнат кога се подготвуваме за Проучувањето на Стражарска кула и кога даваме коментари на состанокот.

На пример, размисли зошто сликата на почетокот од статијата е избрана токму за таа статија. Што е прикажано на неа? Како е поврзана со насловот и со мотото на статијата? Како другите слики ти помагаат да ја разбереш темата која се разгледува, и како можат да ти помогнат во животот?

Добро е братот што го води Проучувањето на Стражарска кула да им даде можност на присутните да коментираат за секоја слика, да кажат како е поврзана со материјалот што се проучува и како влијае врз нив лично. Со некои слики има и краток текст кој покажува со кој пасус се поврзани. Но, кога во текстот за сликата нема наведено број на пасус, водителот треба да одлучи кога ќе се разгледа. На тој начин, сите ќе извлечат корист од сликите што ни помагаат да си ги претставиме настаните за кои се зборува во Божјата Реч.

Еден брат рекол: „Во секоја прекрасно напишана статија, сликите се како шлаг на торта“.