Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОЈА Е ПОРАКАТА НА БИБЛИЈАТА?

Зошто треба да знаеме нешто повеќе за Библијата?

Зошто треба да знаеме нешто повеќе за Библијата?

Библијата е најпознатата книга во светот. Зошто? Како прво, лесно можеме да се соживееме со она што го читаме. Во неа се запишани животни искуства на луѓе кои навистина постоеле — нивниот секојдневен живот и нивниот однос со Бог. Тие извештаи се многу поучни затоа што се пишувани со едноставни и јасни зборови кои можат да се преведат на стотици јазици за да ги разберат луѓето од кое било време или место. Исто така, советите од Библијата секогаш помагаат.

Најважно од сѐ е тоа што Библијата не е само книга за Бог туку и книга од Бог. Таа ни го открива Божјето име, неговата личност и намерата што ја имал кога ги создал Земјата и луѓето, која не се променила. Во Библијата читаме и за вековната борба помеѓу доброто и злото — возбудлива драма со среќен крај. Ако ја читаме без предрасуди, ќе стекнеме цврста вера и надеж.

Во Библијата има информации кои не можеме да ги најдеме на ниту едно друго место. На пример, таа ни го дава точниот одговор на следниве прашања:

  • Како сме настанале и зошто страдаме?

  • Што направил Бог за да ги спаси луѓето?

  • Што направил Исус за нас?

  • Каква иднина ги очекува луѓето и Земјата?

Прочитај ги следните статии за да го дознаеш одговорот.