Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ОД НАШАТА АРХИВА

Сто години од „Фотодрамата“

Сто години од „Фотодрамата“

‚Исто како да го гледав брат Расел во живо!‘ (Изјава на едно лице кое ја гледало „Фотодрамата“ во 1914 год.)

ОВАА година се одбележува 100-годишнината од премиерата на „Фотодрамата за создавањето“. Целта на овој долгометражен филм била да им ја зајакне верата на луѓето дека Библијата навистина е Божја Реч. Во време кога верувањето во еволуција, вишиот критицизам и скептицизмот им ја поткопувале верата во Бог, „Фотодрамата“ го величала Јехова како наш Творец.

Чарлс Т. Расел, кој предводел во делото на Истражувачите на Библијата, постојано се трудел да изнајде нови начини за поделотворно и побрзо да се шири библиската вистина. Дотогаш Истражувачите на Библијата повеќе од три децении проповедале користејќи печатени публикации. Сега нивното внимание било привлечено од еден друг новитет — филмот.

БИБЛИСКАТА ПОРАКА СЕ ШИРИ ПРЕКУ ФИЛМ

Во 1890-тите, за првпат почнале да се прикажуваат неми филмови. Уште во 1903 год. бил прикажан филм на религиозна тема во една црква во Њујорк. Значи, филмската индустрија била во својот зачеток кога, во 1912 год., Расел смело почнал да ја подготвува „Фотодрамата“. Тој сфатил дека, преку ова ново средство за комуникација, библиската порака може да се пренесува на многу побрз и повпечатлив начин отколку само со публикациите.

„Фотодрамата“, која траела осум часа и обично се прикажувала во четири дела, вклучувала 96 снимки од кратки библиски говори кои ги читал еден од најпознатите спикери во тоа време. Многу од сцените биле придружени со класична музика. Браќа кои биле добро обучени ги пуштале на грамофони снимките од говорите и музиката, синхонизирајќи го звукот со слајдовите во боја и со филмските снимки во кои биле прикажани познати библиски настани.

„Во драмата беше прикажано сѐ — од создавањето на ѕвездите до величествената завршница на Христовото илјадагодишно владеење“ (Ф. Стјуарт Барнс, кој имал 14 години во 1914)

Поголемиот дел од снимените материјали, како и повеќето стаклени дијапозитиви, односно слајдови, биле набавени од филмски и уметнички студија. Професионални уметници од Филаделфија, Њујорк, Париз и Лондон рачно ги изработувале сликите на стаклените дијапозитиви и на филмските снимки, кадар по кадар. Голем дел од работата завршиле и тимовите  кои работеле во Уметничкото одделение во Бетел, кои честопати изработувале и замени за скршените дијапозитиви. Освен што купиле филмски снимки, Истражувачите на Библијата и самите снимиле еден краток филм во Јонкерс (Њујорк), во кој некои членови на бетелското семејство ги глумеле Авраам, Исак, и ангелот кој го спречил Авраам да го жртвува својот син (1. Мој. 22:9-12).

Добро обучени браќа вложиле голем труд за да ја прикажат „Фотодрамата“ со синхронизација на околу три километри филм, 26 грамофонски плочи и околу 500 стаклени дијапозитиви

Еден соработник на брат Расел ја дал следнава изјава за печатот: „Ниту едно средство кое се користеше за да се шират религиозни пораки во минатото не може да се спореди со ‚Фотодрамата‘, бидејќи преку неа илјадници луѓе ќе се заинтересираат за Библијата“. Дали овој нов начин на кој им се објавувала библиската порака на духовно гладните лица наишол на одобрување кај свештенството? Во никој случај! Водачите на црквите во христијанскиот свет ја осудиле „Фотодрамата“, а некои се обиделе на лукав и дрзок начин да ги спречат луѓето да ја гледаат. Во една прилика, група свештеници наложиле да биде исклучена струјата додека драмата била во тек.

Пред да почне програмата, сестри од локалните собранија раздале милиони бесплатни примероци од брошурката која содржела слики од „Фотодрамата“

Присутните добиле и значка со ликот на детето Исус, под кој стоел зборот „пакс“ (мир). Тоа ги потсетувало дека треба да бидат ‚синови на мирот‘

И покрај тоа, луѓето масовно доаѓале во салите за бесплатно да ја гледаат „Фотодрамата“. Во САД, таа секој ден се прикажувала во речиси 80 градови. Мнозина биле восхитени што за првпат имале прилика да гледаат ‚звучен филм‘. Со помош на забрзана снимка, можеле да видат како едно пиленце се изведува од јајцето, и како постепено се отвора еден цвет. Во „Фотодрамата“ биле изнесени и научни докази кои ја истакнувале Јеховината бескрајна мудрост. Како што беше спомнато во почетокот, кога видел како Расел ја најавува „Фотодрамата“ на екранот, еден од гледачите изјавил: ‚Исто како да го гледав брат Расел во живо!‘

ПРЕСВРТНИЦА ВО ПОУЧУВАЊЕТО ЗА БИБЛИЈАТА

Премиерата на „Фотодрамата“ се одржала на 11 јануари 1914 год. во овој убав театар во Њујорк, кој тогаш бил во сопственост на Меѓународното здружение на Истражувачите на Библијата (IBSA)

Тим Диркс, писател и филмски историчар, рекол дека „Фотодрамата“ е „првиот долгометражен филм во кој имало синхронизација на звук (снимен говор), филмски снимки и слајдови во боја“. Некои од овие техники биле користени и пред „Фотодрамата“, но никогаш не биле комбинирани сите три заедно, особено не во филм со библиска содржина. И ниту еден филм пред тоа не го гледале толку многу луѓе — вкупно девет милиони во Северна Америка, Европа, Австралија и Нов Зеланд — и тоа само во првата година откако почнал да се прикажува!

Премиерата на „Фотодрамата“ се одржала во Њујорк, на 11 јануари 1914 год. По седум месеци започнала разорната Прва светска војна. Но, мноштва луѓе низ целиот свет продолжиле да се собираат за да ја гледаат „Фотодрамата“, и нашле утеха во живописните сцени со кои биле претставени благословите кои ќе ги донесе Божјето Царство. За 1914 год., „Фотодрамата“ навистина била едно врвно достигнување.

Во Северна Америка, тимовите користеле дваесет комплети од „Фотодрамата“