Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ТРЕБА ЛИ ДА СЕ МОЛИШ?

Зошто луѓето се молат?

Зошто луѓето се молат?

Дали се молиш? Многу луѓе се молат, па дури и некои од оние што не веруваат во Бог. Зошто го прават тоа? Според една анкета спроведена во Франција, половина од луѓето во оваа земја понекогаш се молат или одат на медитација „само за да се чувствуваат подобро“. Како и многу луѓе од другите земји во Европа, тие не се молат затоа што се побожни. Напротив, ја користат молитвата како „лек за смирување“. Други, пак, се молат само кога ќе се најдат во мака и очекуваат Бог веднаш да им најде решение (Исаија 26:16).

Што мислиш ти? Дали молитвата е само начин да си ги средиш мислите? Ако веруваш во Бог, дали сметаш дека тој ги слуша твоите молитви? Или можеби ти се чини дека тој не одговара на нив? Библијата може да ти помогне да сфатиш дека молитвата не е терапија за подобрување на расположението, туку скапоцен начин да се зближиш со Бог.