Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | САКАШ ЛИ ДА ЗНАЕШ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БИБЛИЈАТА?

Библиски курс за секого

Библиски курс за секого

Јеховините сведоци се познати по тоа што ја проповедаат добрата вест од Библијата. Но, дали си знаел дека тие им нудат курс на луѓето низ целиот свет за да им помогнат да дознаат нешто повеќе за Библијата?

Во 2014 год., околу 8.000.000 Сведоци во 240 земји водеа повеќе од 9.500.000 библиски курсеви секој месец. * Интересно е тоа што околу 140 земји во светот немаат толкав број жители!

За да се врши оваа образовна програма, Јеховините сведоци досега издадоа речиси 1,5 милијарда Библии, книги, списанија и други публикации за проучување на Библијата на околу 700 јазици! Тоа што нивните публикации се најраспространети и најпреведувани им овозможува на луѓето да ја проучуваат Библијата на својот мајчин јазик.

ОДГОВОР НА НАЈПОСТАВУВАНИТЕ ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО БИБЛИСКИОТ КУРС

Што се обработува на библискиот курс?

На курсот се обработуваат различни теми така што се разгледуваат библиски стихови кои се поврзани со тие теми. На пример, Библијата дава одговор на некои прашања, како што се: Кој е Бог? Каков е тој? Дали има име? Каде живее? Дали можеме да бидеме блиски со него? Но, прашањето е каде во Библијата може да се најдат тие одговори.

За да им помогнеме на луѓето да ги најдат одговорите, обично ја користиме книгата Што навистина учи Библијата? *‚ која има 224 страници. Со помош на оваа книга луѓето можат полесно да ги разберат основните учења од Библијата. Во неа има поглавја за Бог, за Исус Христос, за страдањата, за воскресението, за молитвата и за други теми.

Кога и каде може да се одржува курсот?

Курсот може да се одржува во време и на место што тебе најмногу ти одговара.

Колку време треба да одвоиш?

Многумина одвојуваат отприлика еден час седмично за да ја проучуваат Библијата. Но, некои проучуваат само по 10 или 15 минути седмично. Според тоа, времето не е фиксно, ние ќе се приспособиме на твојот распоред.

Колку чини курсот?

Курсот, Библијата и публикациите за проучување се бесплатни. Ова е во склад со зборовите што Исус им ги кажал на своите следбеници: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8).

Колку време трае библискиот курс?

Од тебе зависи колку долго ќе трае курсот. Во книгата Што навистина учи Библијата? се обработуваат 19 теми. Можеш да ги проучиш сите теми или само некои од нив и тоа со темпо што тебе ти одговара.

Дали библискиот курс ме обврзува да станам Јеховин сведок?

Не. Ние го почитуваме правото на секој човек да избере во што ќе верува. Луѓето кои ќе стекнат основни познавања за Библијата ќе можат да донесат информирана одлука.

Каде може да најдам повеќе информации?

Може да ја посетиш интернет-страницата jw.org/mk за да најдеш точни информации во врска со верувањата и активностите на Јеховините сведоци.

Како може да побарам библиски курс?

^ пас. 4 Библиските курсеви обично се водат со едно или неколку лица.

^ пас. 9 Издадена од Јеховините сведоци. Досега се отпечатени повеќе од 230 милиони примероци на преку 260 јазици.