Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Од каде потекнува злото?

Кој се обидел да го наведе Исус да направи нешто лошо? (Матеј 4:8-10)

Луѓето обично сакаат да бидат мирољубиви, чесни и љубезни. Тогаш, зошто секој ден слушаме лоши вести? Сите ние сме сведоци дека светот е преполн со насилство, неправди и зло. Дали има некој што ги тера луѓето да постапуваат лошо? (Прочитај 1. Јованово 5:19.)

Дали Бог ги создал луѓето со склоност да прават зло? Не. Јехова Бог ги создал луѓето според својот лик, односно со склоност да покажуваат љубов како што покажува тој (1. Мојсеева 1:27; Јов 34:10). Исто така, Бог им дал на луѓето еден скапоцен дар — слободна волја. Кога Адам и Ева избрале да постапат лошо, му свртеле грб на Бог и станале несовршени. На тој начин, сите ние, како нивни потомци, сме наследиле склоност да грешиме. (Прочитај 5. Мојсеева 32:4, 5.)

Дали злото ќе постои засекогаш?

Бог сака да ѝ се спротивставиме на склоноста да постапуваме лошо (Изреки 27:11). Тој нѐ поучува како да постапуваме исправно и ни помага да бидеме вистински среќни. Сепак, денес не можеме на совршен начин да покажуваме љубов како Бог. (Прочитај Псалм 32:8.)

Светот во кој живееме е преполн со зло. Бог допуштил злото да постои одредено време за да се види какви се последиците од погрешното постапување (2. Петрово 3:7-9). Но, тој наскоро ќе му стави крај на сето зло и на Земјата ќе живеат среќни луѓе кои ќе му бидат послушни. (Прочитај Псалм 37:9-11.)