Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Кротките ќе ја поседуваат Земјата“

„Кротките ќе ја поседуваат Земјата“

Повеќето луѓе биле сведоци на некаква неправда и виделе како злите ги угнетуваат добрите. Дали ќе дојде време кога ќе нема неправди и злоба?

Одговорот може да го дознаеме од 37. Псалм од Библијата. Исто така, овој Псалм содржи совети кои можат да ни користат денес. Дознај што ни открива за следниве важни прашања.

  • Што не треба да правиме кога некој нѐ угнетува? (стих 1 и 2)

  • Што ќе се случи со злобните луѓе? (стих 10)

  • Каква иднина ги чека оние што постапуваат исправно? (стих 11 и 29)

  • Што треба да правиме уште денес? (стих 34)

Зборовите од 37. Псалм, кои се напишани под водство на Јехова Бог, јасно покажуваат дека, ако се надеваме на него и ако се држиме за неговиот пат, нѐ чека светла иднина. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ја проучуваат Библијата со тебе и да ти помогнат да дознаеш како ти и твоите најмили можете да имате таква иднина.