Дали твоите очи се вперени во Јехова?
Кон тебе ги подигам очите, кон тебе, кој живееш на небесата (ПС. 123:1)
1, 2. Што значи погледот да ни биде вперен во Јехова?
ЖИВЕЕМЕ во „особено тешки времиња“, и животот ќе станува сѐ потежок пред Јехова да го уништи овој злобен свет и пред да донесе вистински мир на Земјата (2. Тим. 3:1). Затоа, треба да се прашаме: „Во кого ми е вперен погледот кога ми требаат помош и водство во животот?“ Можеби веднаш ќе речеш: „Во Јехова“, и тоа е најмудриот одговор.
2 Што значи погледот да ни биде вперен во Јехова? И како може да продолжиме да гледаме во Јехова кога ќе се појават проблеми во нашиот живот? Пред многу векови, еден библиски писател објаснил колку е важно погледот да ни биде вперен во Јехова кога ни е потребна помош. (Прочитај Псалм 123:1-4.) Тој рекол дека, кога нашите очи се вперени во Јехова, ние сме како слуга чии очи се вперени во неговиот господар. Што сакал да каже со тоа? На еден слуга погледот му бил вперен во господарот за да добие храна и заштита од него. Но, исто така, тој морал постојано да гледа во господарот за да разбере што очекува тој од него, а потоа и да го направи тоа. Нешто слично е и со нас — мора да ја проучуваме Божјата Реч секој ден за да сфатиме што очекува Бог од нас, а потоа да го правиме тоа. Само така можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе ни ја даде потребната помош (Еф. 5:17).
3. Што може да ни го оттргне погледот од Јехова?
3 Иако сме свесни колку е важно нашиот поглед постојано да биде вперен во Јехова, понекогаш некои работи можат да ни го одвлечат вниманието. Токму тоа ѝ се случило на Марта, која му била пријателка на Исус. Нејзиното внимание било одвлечено бидејќи била „многу зафатена со послужувањето“ (Лука 10:40-42). Ако ова можело да ѝ се случи на една верна личност како Марта, и тоа додека Исус бил крај неа, може да ни се случи и нам. Што може да ни го оттргне погледот од Јехова? Во оваа статија ќе зборуваме како постапките на другите можат да ни го одвлечат вниманието. Исто така, ќе зборуваме за тоа што ќе ни помогне погледот постојано да ни биде вперен во Јехова.
ЕДЕН ВЕРЕН ЧОВЕК ПРОПУШТИЛ ГОЛЕМ БЛАГОСЛОВ
4. Зошто изненадува фактот дека Мојсеј ја изгубил можноста да влезе во Ветената земја?
4 Погледот на Мојсеј секогаш бил вперен во Јехова кога му требало водство. Библијата вели дека тој останал „постојан како да го гледа Невидливиот“. (Прочитај Евреите 11:24-27.) Исто така, за него таа вели: „Во Израел повеќе не се појави пророк како Мојсеј, кого Јехова го познаваше лице в лице“ (5. Мој. 34:10). Но, иако бил близок пријател со Јехова, Мојсеј ја изгубил можноста да влезе во Ветената земја (4. Мој. 20:12). Што се случило?
5-7. Што се случило кратко откако Израелците излегле од Египет, и што направил Мојсеј?
5 Нешто помалку од два месеца откако Израелците излегле од Египет, и кратко пред да пристигнат на планината Синај, се појавил еден голем проблем. Луѓето почнале да се жалат бидејќи немале вода. Тие почнале да негодуваат против Мојсеј и станале толку гневни што Мојсеј извикал кон Јехова: „Што да правам со овој народ? Уште малку, па ќе ме каменуваат“ (2. Мој. 17:4). Јехова му дал на Мојсеј јасни упатства — му рекол да го земе својот стап и да удри по карпата во Хорив. Библијата вели: „И Мојсеј направи така пред очите на старешините на Израел“. Потоа од карпата излегла вода и Израелците си ја згаснале жедта. Така бил решен овој проблем (2. Мој. 17:5, 6).
6 Од Библијата дознаваме дека Мојсеј го нарекол ова место Маса, што значи „испит“, и Мерива, што значи „препирка“. Зошто? Бидејќи Израелците се препирале и го испитувале Јехова, велејќи: „Дали е Јехова меѓу нас или не е?“ (2. Мој. 17:7).
7 Како гледал Јехова на она што се случило во Мерива? Не само како на побуна против Мојсеј туку и како на побуна против него лично и против неговиот авторитет. (Прочитај Псалм 95:8, 9.) Она што го направиле Израелците било сериозна грешка. Но Мојсеј постапил исправно. Го вперил погледот во Јехова, а потоа внимателно ги следел неговите упатства.
8. Што се случило при крајот на патувањето на Израелците низ пустината?
8 Но, што се случило во една слична ситуација околу 40 години подоцна? Израелците биле при крај на своето патување низ пустината и стигнале во близина на Кадис, кој се наоѓал * Зошто? Бидејќи Израелците повторно се жалеле дека немаат вода (4. Мој. 20:1-5). Но овој пат Мојсеј направил сериозна грешка.
близу границата на Ветената земја. И ова место било наречено Мерива.9. Какви упатства му дал Јехова на Мојсеј, но како постапил тој? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)
9 Како постапил Мојсеј кога луѓето се побуниле? И овој пат тој го вперил погледот во Јехова и побарал водство од него. Но во оваа прилика Јехова не му рекол да удри по карпата. Тој му рекол да го земе својот стап, да го собере народот пред карпата, а потоа да ѝ рече на карпата да пушти вода (4. Мој. 20:6-8). Дали Мојсеј го направил тоа? Не. Тој бил толку вознемирен и лут што на луѓето им рекол: „Чујте сега, бунтовници! Треба ли од оваа карпа да ви извадиме вода?“ Потоа ја удрил карпата со стапот, и тоа не еднаш, туку двапати (4. Мој. 20:10, 11).
10. Како реагирал Јехова на грешката на Мојсеј?
10 Јехова многу се разгневил на Мојсеј (5. Мој. 1:37; 3:26). Зошто Јехова реагирал на таков начин? Можеби една причина е тоа што Мојсеј не ги послушал новите упатства што Јехова му ги дал.
11. Зошто тоа што Мојсеј удрил во карпата можеби ги навело Израелците да помислат дека Јехова не направил чудо?
11 Јехова можеби се разгневил и од друга причина. Карпите на првото место кое било наречено Мерива биле од цврст гранит. Без оглед на тоа колку силно некој ќе удри во гранит, никој не очекува од него да излезе вода. Но карпите на второто место кое било наречено Мерива се состоеле од варовник. Бидејќи варовничките карпи се помеки, водата лесно продира низ нив и се собира во шуплините на карпите. Оваа вода лесно може да се извади така што ќе се направи дупка во карпата. Кога Мојсеј ја удрил карпата наместо да ѝ рече да пушти вода, дали можеби Израелците помислиле дека водата потекла поради ударот, а не поради тоа што Јехова направил чудо во таа прилика? * Не можеме да кажеме со сигурност.
БУНТОВНОСТА НА МОЈСЕЈ
12. Која е уште една можна причина зошто Јехова се разгневил на Мојсеј и на Арон?
12 Има уште една можна причина зошто Јехова се разгневил на Мојсеј и на Арон. Мојсеј им рекол на луѓето: „Треба ли од оваа карпа да ви извадиме вода?“ Кога рекол „да ви извадиме“, веројатно мислел на себе и на Арон. Со тие зборови Мојсеј покажал големо непочитување кон Јехова бидејќи не му ја припишал нему целата заслуга за чудото. Во Псалм 106:32, 33 пишува: „Предизвикаа гнев кај водите на Мерива, па Мојсеј го снајде неволја поради нив. Зашто, му ја огорчија душата, па непромислено проговори со своите усни“ (4. Мој. 27:14). Мојсеј не му ја оддал на Јехова честа што ја заслужувал. Затоа Јехова им рекол на Мојсеј и на Арон: „Се побунивте против мојата заповед“ (4. Мој. 20:24). Ова било многу сериозен грев!
13. Зошто казната што Јехова му ја изрекол на Мојсеј била праведна?
Лука 12:48). Претходно, Јехова не му дозволил на едно цело поколение Израелци да влезе во Ветената земја поради нивната бунтовност (4. Мој. 14:26-30, 34). Затоа било праведно и Мојсеј да добие иста казна бидејќи и тој се побунил против Јехова. Како што било случај со другите бунтовни Израелци, и на Мојсеј не му било дозволено да влезе во Ветената земја.
13 Бидејќи Мојсеј и Арон го воделе Божјиот народ, Јехова очекувал повеќе од нив (ПРИЧИНАТА ЗА ГРЕШКАТА НА МОЈСЕЈ
14, 15. Зошто Мојсеј се побунил против Јехова?
14 Зошто Мојсеј се побунил против Јехова? Забележи уште еднаш што вели Псалм 106:32, 33: „Предизвикаа гнев кај водите на Мерива, па Мојсеј го снајде неволја поради нив. Зашто, му ја огорчија душата, па непромислено проговори со своите усни“. Иако Израелците се побуниле против Јехова, Мојсеј бил тој што се огорчил, односно се разгневил. Тоа што немал самоконтрола во таа ситуација, го навело да каже некои работи без да мисли на последиците.
15 Мојсеј дозволил постапките на другите да му го оттргнат погледот од Јехова. Првиот пат кога луѓето се жалеле за вода, Мојсеј постапил исправно (2. Мој. 7:6). Но, бидејќи Израелците со години биле бунтовни, можеби се изморил и го изгубил трпението. Наместо да мисли на тоа како да му оддаде слава на Јехова, се чини дека Мојсеј се преокупирал со сопствените чувства.
16. Зошто она што му се случило на Мојсеј е важно и за нас?
16 Ако Мојсеј, кој бил верен пророк, дозволил да му биде одвлечено вниманието и направил грев, истото може да ни се случи и нам. Мојсеј бил на прагот на Ветената земја, а ние сме на прагот на новиот свет (2. Пет. 3:13). Сигурно никој од нас не сака да ја пропушти можноста да влезе во новиот свет. Но за да успееме во тоа, нашиот поглед мора постојано да биде вперен во Јехова и мора да му бидеме послушни (1. Јов. 2:17). Што можеме да научиме од грешката на Мојсеј?
НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ПОСТАПКИТЕ НА ДРУГИТЕ ДА ТИ ГО ОДВЛЕЧАТ ВНИМАНИЕТО
17. Што ќе ни помогне да останеме смирени во напнати ситуации?
17 Остани смирен во напнати ситуации. Понекогаш одново и одново се соочуваме со истите проблеми. Но Библијата вели: „Да не се откажеме од правење добро, бидејќи, ако не се умориме, ќе жнееме кога ќе дојде време“ (Гал. 6:9; 2. Сол. 3:13). Кога некој или нешто нѐ нервира, особено ако тоа често се повторува, дали мислиме пред да зборуваме? Дали се трудиме да останеме смирени? (Изр. 10:19; 17:27; Мат. 5:22). Кога некој ќе нѐ изнервира, мора да научиме да му дадеме „место на Божјиот гнев“. (Прочитај Римјаните 12:17-21.) Што значи ова? Наместо да се гневиме, треба стрпливо да чекаме Јехова во свое време да направи нешто во врска со таа ситуација. Ако се одмаздуваме наместо да чекаме на Јехова, покажуваме непочитување кон него.
18. Што треба да имаме на ум во врска со упатствата што ги добиваме од организацијата?
18 Внимателно следи ги најновите упатства. Кога ќе добиеме нови упатства од Јехова, дали спремно ги следиме? Не треба да правиме нешто на Евр. 13:17). Исто така, мора да внимаваме да не одиме „преку она што е напишано“ (1. Кор. 4:6). Кога внимателно ги следиме упатствата, покажуваме дека нашиот поглед е вперен во Јехова.
одреден начин само затоа што отсекогаш сме го правеле така. Наместо тоа, треба веднаш да ги примениме најновите упатства што ни ги дава Јехова преку својата организација (19. Што ќе ни помогне да не дозволиме грешките на другите да ни го нарушат пријателството со Јехова?
19 Не дозволувај грешките на другите да ти го нарушат пријателството со Јехова. Ако погледот ни е вперен во Јехова, нема да дозволиме поради постапките на другите да се огорчиме или да се оддалечиме од него. Ова е особено важно ако, слично на Мојсеј, имаме одредени одговорности во Јеховината организација. Точно е дека секој христијанин треба да работи на „своето спасение со страв и трепет“, но мора да имаме на ум дека Јехова нема крути мерила и нема исти очекувања од секого од нас (Фил. 2:12). Всушност, колку повеќе одговорности добиваме, толку повеќе се очекува од нас (Лука 12:48). Но, ако вистински го сакаме Јехова, ништо нема да нѐ спрепне или да нѐ одвои од неговата љубов (Пс. 119:165; Рим. 8:37-39).
20. На што треба да бидеме решени?
20 Живееме во тешки времиња. Затоа е многу важно нашиот поглед да биде вперен во Јехова со цел да ја разбереме неговата волја. Никогаш да не дозволиме грешките на другите да ни го расипат пријателството со Јехова. Можеме многу да научиме од она што му се случило на Мојсеј. Наместо да реагираме претерано на грешките на другите, да бидеме решени нашите очи да бидат вперени во Јехова, нашиот Бог, „додека не ни се смилува“ (Пс. 123:1, 2).
^ пас. 8 Не станува збор за истата Мерива, која била близу Рафидин и била наречена и Маса. Како и да е, и двете места се викале Мерива бидејќи Израелците се препирале со Мојсеј. (Види во дел 7 од брошурката Да ја истражуваме Божјата Реч.)
^ пас. 11 Еден библиски изучувач вели дека, според едно еврејско предание, бунтовниците тврделе дека ова не било чудо бидејќи Мојсеј знаел дека има вода во таа карпа. Затоа тие сакале Мојсеј да го направи истото на друга карпа. Сепак, ова е само предание.