Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Каков дар можеме да му дадеме на Јехова?

Каков дар можеме да му дадеме на Јехова?

ВО ЕДНА прилика, Исус рекол: „Повеќе усреќува давањето отколку примањето“ (Дела 20:35). Оваа основна вистина може да ја примениме и на нашиот однос со Јехова. Во која смисла? Јехова ни дал многу дарови кои нѐ прават среќни. Но можеме да почувствуваме уште поголема среќа така што и ние ќе му дадеме дар на Јехова. Каков дар можеме да му дадеме на Јехова? Во Изреки 3:9 пишува: „Искажувај му чест на Јехова со својот имот“. Во нашиот „имот“ спаѓаат нашето време, нашите способности, нашата сила и нашите материјални поседи. Кога ги користиме овие работи за да го поддржуваме делото за Царството, ние му даваме дар на Јехова. Ова навистина ни носи голема радост!

Кога станува збор за нашите материјални работи, што ќе ни помогне да не заборавиме да му го дадеме нашиот дар на Јехова? Апостол Павле ги поттикнал Коринќаните да го стават настрана она што имале намера да го дадат како доброволен прилог (1. Кор. 16:2). Во рамката подолу се наведени повеќе информации за тоа на кои начини можеш да дадеш доброволен прилог во местото каде што живееш.

Во некои земји не може да се даваат прилози преку Интернет. Меѓутоа, на интернет-страницата donate.pr418.com има информации и за тоа како може да се даваат прилози на други начини. Во некои земји, на оваа страница има документ во кој има одговор на најчесто поставувани прашања во врска со прилозите.