Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Пастири кои се грижат за доброто на Јеховиниот народ

Пастири кои се грижат за доброто на Јеховиниот народ

Многу луѓе имаат негативен став кон оние што имаат некаков авторитет. Не е тешко да сфатиме зошто. Низ историјата постојано имало луѓе што го злоупотребувале својот авторитет за лична корист (Мх 7:3). Многу сме благодарни што старешините во собранието се поучени да го користат својот авторитет за доброто на Јеховиниот народ (Ес 10:3; Мт 20:25, 26).

За разлика од оние што имаат некаков авторитет во светот, старешините ја извршуваат својата задача како надгледници од љубов кон Јехова и кон неговите слуги (Јвн 21:16; 1Пе 5:1-3). Под водството на Исус, овие пастири му помагаат на секој објавител да се чувствува како дел од Јеховиното семејство и да остане близок со Јехова. Тие спремно им пружаат духовна помош на Јеховините овчички и спремно им помагаат кога имаат потреба од некоја итна медицинска интервенција или кога ќе се случи некоја катастрофа. Ако ти е потребна некаква помош, преземи иницијатива и зборувај со некој старешина од твоето собрание (Јк 5:14).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПАСТИРИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА СТАДОТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како на Маријана ѝ користеше помошта што ѝ ја пружија старешините?

  • Како на Илијас му користеше помошта што му ја пружија старешините?

  • Како овие искуства влијаат врз твоето гледиште за она што го прават старешините?