Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Користи ја почетната страница на JW.ORG во службата

Користи ја почетната страница на JW.ORG во службата

На почетната страница на JW.ORG има статии и видеоклипови кои се направени да бидат интересни за искрените лица кои не се Сведоци (Де 13:48). Честопати се работи за теми за кои се зборува на вестите или за кои луѓето размислуваат и зборуваат.

Како можеш да ја користиш почетната страница на jw.org во службата?

  • Редовно проверувај ја интернет-страницата. Забележи кои статии во моментот се наоѓаат во делот „Наш предлог“, и размисли како би можел да ги искористиш за да му помогнеш на некое заинтересирано лице. (За да видиш кои статии и видеоклипови до неодамна биле на почетната страница, кликни на „Види повеќе“.) Тоа што ќе бидеш во чекор со најновите информации на интернет-страницата ќе ти помогне да имаш нови идеи за службата.

  • Користи ги статиите и видеоклиповите кои се на почетната страница за да започнеш разговор. Тие можат да ни дадат идеи за што можеби размислуваат луѓето на нашето подрачје.

  • Покажи им ја на луѓето почетната страница. Истакни некои конкретни теми и покажи му на лицето како може да пребарува низ страницата.

  • Сподели линк. Некои луѓе не сакаат да зборуваат со нас лично, но се спремни да ја отворат нашата интернет-страница. Затоа, немој да се колебаш на некое заинтересирано лице да му испратиш линк до почетната страница или до некоја конкретна статија или видеоклип што се наоѓа таму.