Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Родители — помогнете им на своите деца да стекнат мудрост од Бог

Родители — помогнете им на своите деца да стекнат мудрост од Бог

Еден од најдобрите начини на кој родителите можат да им помогнат на своите деца да стекнат мудрост од Бог е така што ќе им помагаат да извлечат корист од собраниските состаноци. Она што го гледаат и слушаат на состаноците и она што го изнесуваат во нивните коментари може да им помогне на младите да учат за Јехова и да станат негови блиски пријатели (5Мо 31:12, 13). Ако си родител, како можеш да му помогнеш на твоето дете да извлече колку што е можно поголема корист од состаноците?

  • Давај сѐ од себе за да присуствуваш на состаноците во салата (Пс 22:22).

  • Одвојувај време за да разговараш и да се храбриш со браќата и сестрите пред и по состаноците во салата (Ев 10:25).

  • Погрижи се секој член од семејството да има свој примерок од публикациите кои се проучуваат на состаноците, во печатен или во електронски облик.

  • Помогни му на твоето дете да подготви коментар со свои зборови (Мт 21:15, 16).

  • Зборувај позитивно за состаноците и за упатствата што ги добиваме на нив.

  • Помагај им на твоите деца да учествуваат во чистењето на салата, како и да разговараат со постарите браќа и сестри во собранието.

Потребно е да вложиш голем труд за да им помогнеш на твоите деца да се зближат со Јехова. Но, понекогаш може да ти се чини дека немаш доволно сила за тоа. Сепак, можеш да бидеш сигурен дека Јехова ќе ти помага (Иса 40:29).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ РОДИТЕЛИ, ПОТПИРАЈТЕ СЕ НА ЈЕХОВА И ТОЈ ЌЕ ВИ ДАДЕ СИЛА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како заморот се одрази врз Зак и Лија?

  • Зошто родителите треба да бараат сила од Јехова?

  • На кои начини Зак и Лија се потпираа на Јехова за помош?