Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Кои биле еврејските храмски стражари? Какви задолженија имале?

Левитите кои не биле свештеници имале разни други задолженија. Едно од нив било да служат како храмски стражари под надлежност на храмскиот заповедник. Еврејскиот писател Филон објаснува кои биле задачите на овие стражари: „Некои од нив служат како вратари на влезовите, а некои служат пред светилиштето за да не дозволат во него да влезат — намерно или ненамерно — лица што немаат право на тоа. Други го обиколуваат храмот за да го чуваат, и се менуваат наизменично, во текот на денот и на ноќта“.

Храмските стражари му стоеле на располагање на судскиот совет. Тие биле единствените Евреи на кои римските власти им дозволувале да носат оружје.

Според изучувачот Јоаким Јеремиас, кога стражарите го уапсиле Исус, тој ги прашал зошто не го сториле тоа додека поучувал во храмот. Исус не би им поставил такво прашање, ако тие луѓе не биле храмски стражари (Мат. 26:55). Истиот изучувач смета дека и оние што во една претходна прилика биле испратени да го уапсат Исус исто така биле храмски стражари (Јован 7:32, 45, 46). Подоцна судскиот совет ги испратил стражарите и нивниот заповедник да ги доведат апостолите. Веројатно храмските стражари биле тие што го одвлечкале апостол Павле надвор од храмот (Дела 4:1-3; 5:17-27; 21:27-30).