Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Како ќе ти помогне молитвата

Како ќе ти помогне молитвата

Памела се разболела од рак и побарала лекарска помош. Меѓутоа, го молела и Бог да ѝ даде сила да издржи во таа тешка ситуација. Дали молитвата ѝ помогнала?

Таа вели: „Додека примав терапија, честопати ме обземаше голем страв. Но, кога ќе му се помолев на Јехова Бог, ќе почувствував спокој и паниката ќе исчезнеше. Сѐ уште имам хронична болка, но молитвата ми помага да останам позитивна. Кога некој ќе ме праша како сум, обично велам: ’Не сум баш најдобро, ама сум со ведар дух!‘“.

Се разбира, не треба да чекаме да нѐ снајде нешто сериозно за да почнеме да се молиме. Сите ние се бориме со некакви проблеми, било големи било мали, и потребна ни е помош за да излеземе на крај со нив. Може ли молитвата да ни помогне?

Во Библијата пишува: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне“ (Псалм 55:22). Колку утешни зборови! Како може да ти помогне молитвата? Кога му се молиш на Бог на исправен начин, тој ќе ти даде сѐ што ти е потребно за да се справиш со проблемите. (Види ја рамката „ Што можеш да добиеш преку молитвата“.)