Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Натпис на камен: „Проколнат да е Хагаф, синот на Хагав, од Јахве Саваот“

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Како еден древен натпис ја потврдува точноста на Библијата?

ВО ЕДЕН музеј во Ерусалим, се наоѓа еден камен со натпис, кој датира од околу 700-600 год. пр.н.е. Овој камен бил пронајден недалеку од Хеврон (Израел), во една пештера што служела како гробница. Натписот гласи: „Проколнат да е Хагаф, синот на Хагав, од Јахве Саваот“. Зошто може да се каже дека овој натпис оди во прилог на Библијата? Затоа што покажува дека во библиски времиња Божјето име Јехова или Јахве — кое на старохебрејски јазик се пишувало со четирите букви ЈХВХ — било познато и се користело во секојдневниот живот. Во овие пештери биле пронајдени и други натписи кои биле врежани на ѕидовите од луѓе кои се состанувале или се криеле таму. Тие често го пишувале Божјето име, а пишувале и лични имиња во чиј состав влегувал некој облик на името Јехова.

Во врска со овие натписи, д-р Рејчел Набулси од универзитетот во Џорџија, вели: „Оваа честа употреба на името ЈХВХ е многу важна... [Библискиот] текст и натписите покажуваат колку важно место заземал ЈХВХ во животот на народот во Израел и Јуда“. Ова оди во прилог на Библијата, во која Божјето име, запишано со хебрејските букви ЈХВХ, се појавува неколку илјади пати. Тоа било составен дел и на многу лични имиња.

Изразот „Јахве Саваот“ на натписот врежан во камен значи „Јехова над војските“. Ова покажува дека луѓето во библиски времиња честопати го користеле и Божјето име и изразот „Јехова над војските“. Затоа е логично што изразот „Јехова над војските“ често се користи и во Библијата. Тој се појавува над 250 пати во Хебрејските списи, најмногу во книгите на пророците Исаија, Еремија и Захарија.