Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше броевите од Стражарска кула од оваа година? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

Во што нѐ уверува тоа што Јехова е полн со љубов и милостив, како што читаме во Исаија 63:9?

Поради својата сомилост, Јехова е спремен да ни ги прости гревовите. Од Исаија 63:9 дознаваме дека тој со љубов ни помага. Треба да го следиме неговиот пример (w21.01, стр. 21).

Зошто Јехова го дал начелото за поглаварство?

Тој го направил тоа од љубов. Благодарение на ова начело, во неговото семејство владее ред и мир. Секој во семејството што постапува во склад со тоа начело знае кој треба да донесува конечни одлуки и кој треба да предводи во спроведувањето на тие одлуки (w21.02, стр. 3).

Зошто христијаните треба да бидат претпазливи кога користат апликации за размена на пораки?

Ако некој одлучи да користи такви апликации, треба внимателно да избере со кого ќе биде во контакт. Тоа не е лесно доколку станува збор за големи групи за размена на пораки (1. Тим. 5:13). Исто така, постои опасност од ширење на непотврдени информации и од користење на контакт-информациите на браќата и сестрите за трговски цели (w21.03, стр. 31).

Зошто Бог дозволил Исус да страда и да умре?

Прво, Исус требало да биде прикован на столб за да ги ослободи Евреите од едно проклетство (Гал. 3:10, 13). Второ, така Јехова го подготвил Исус за неговата улога како Првосвештеник. И трето, со тоа што бил верен до смрт, Исус докажал дека луѓето можат да останат верни дури и ако доживуваат големи искушенија (Јов 1:9-11; w21.04, стр. 16-17).

Што можеш да правиш ако е тешко да ги најдеш луѓето дома кога си во служба?

Пробај да проповедаш во време кога е поверојатно луѓето да бидат дома. Освен тоа, пробај да проповедаш на друго место. И, пробај да проповедаш на друг начин, на пример, да пишуваш писма (w21.05, стр. 15-16).

Што мислел апостол Павле кога рекол: „Според прописите на законот, јас умрев за законот“? (Гал. 2:19).

Мојсеевиот закон ги направил очигледни престапите на несовршените луѓе и го водел израелскиот народ до Христос (Гал. 3:19, 24). Тоа го навело Павле да го прифати Христос. Така, Павле умрел „за законот“, односно повеќе не бил под Мојсеевиот закон (w21.06, стр. 31).

Каков пример ни оставил Јехова во поглед на истрајноста?

Јехова ги поднесува оцрнувањето на неговото име, оспорувањето на неговото право да владее, побуната на некои од неговите деца, лагите на Ѓаволот, страдањето на неговите слуги, одвоеноста од неговите пријатели кои починале, угнетувањето на луѓето и уништувањето на неговото творештво (w21.07, стр. 9-12).

Каков пример за стрпливост ни оставил Јосиф?

Тој истрајал иако неговите браќа постапиле неправедно со него, што водело до тоа да биде лажно обвинет и затворен во Египет со години (w21.08, стр. 12).

Какво симболично тресење е проречено во Агеј 2:6-9, 20-22?

Народите реагираат негативно на проповедањето на пораката за Царството, но многу луѓе доаѓаат во вистината. Наскоро, народите ќе бидат затресени уште еднаш, кога ќе бидат уништени (w21.09, стр. 15-19).

Зошто не треба да престанеме да ја извршуваме службата?

Јехова го забележува и го цени трудот што го вложуваме. Ако не се умориме и не се откажеме, ќе добиеме вечен живот (w21.10, стр. 25-26).

Како 3. Мојсеева поглавје 19 ни помага да го примениме советот: „Бидете свети во сѐ што правите“? (1. Пет. 1:15).

Тој стих веројатно е цитат од 3. Мојсеева 19:2. Во поглавје 19 има многу примери за тоа како може да го примениме 1. Петрово 1:15 во нашиот живот (w21.12, стр. 3-4).