Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Бог се грижи за тебе

Бог се грижи за тебе

БИБЛИЈАТА ги содржи најдобрите совети за нас бидејќи таа е книга од Бог. Иако не е медицински прирачник, таа може практично да ни помогне да се справиме со тешки околности, со начини на размислување кои нѐ вознемируваат, со негативни чувства и со нарушено физичко и ментално здравје.

Што е најважно, Библијата нѐ уверува дека нашиот Творец, Јехова Бог, a ги разбира нашите мисли и чувства подобро од кој и да било друг. Без разлика со каков проблем се бориме, тој е спремен да ни помогне. На пример, размисли за следниве два утешни библиски стиха:

„Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (ПСАЛМ 34:18).

„Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ’Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (ИСАИЈА 41:13).

Но, како Јехова ни помага да се справиме со проблемите поврзани со менталното здравје? Како што ќе видиш во следните статии, Јехова покажува дека навистина се грижи за нас на многу начини.

a Јехова е името на Бог (Псалм 83:18).