Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Предлог за овој месец

Предлог за овој месец

Како да ги најдеш статиите кои биле на почетната страница на jw.org

Многу наши браќа и сестри ги користат статиите кои излегуваат на почетната страница на jw.org во службата. Овие статии лесно може да се препратат по електронски пат, и честопати објаснуваат како тековните настани во светот ги исполнуваат библиските пророштва. Еден брат напишал дека статиите од почетната страница се „токму она што ни е потребно за да ја вршиме службата денес“.

Но, бидејќи статиите редовно се менуваат, како можеш да ги најдеш оние статии што повеќе не се на почетната страница?

  • На почетната страница на jw.org, кликни на линкот „Види повеќе“ кој се наоѓа веднаш под актуелната статија или под статиите што се наоѓаат во рубриката „Наш предлог“ доколку пребаруваш на некој мобилен уред. Овој линк ја отвора страницата со наслов „До неодамна на почетната страница“ каде што ќе најдеш повеќе статии кои порано биле објавени на почетната страница.

  • На jw.org или во апликацијата JW Library® избери „Библиотека“, потоа „Рубрики“ и на крајот „Разно“. Тука можеш да најдеш многу статии кои биле на почетната страница.