Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ

Предлози за лично проучување и за Семејната вечер

Предлози за лично проучување и за Семејната вечер

Ние го обожаваме Јехова кога се собираме заедно со другите на нашите состаноци, собири и конгреси, но и кога сме сами или заедно со нашето семејство. Еве неколку предлози за твоето лично проучување и за Семејната вечер:

  • Подготви се за собраниските состаноци. Исто така, би можел да ги вежбаш песните и да им помогнеш на сите во семејството да подготват коментар.

  • Читај некој библиски извештај. Потоа, нацртај слика од еден дел од тој извештај или запиши си нешто што си научил од него.

  • Прочитај некоја молитва што е запишана во Библијата и размисли како таа може да ти помогне да ги подобриш твоите молитви.

  • Гледај некој видеоклип на jw.org, а потоа разговарај за него со другите или запиши си што си научил.

  • Подготви се за службата на проповедање. Би можел да вежбаш некоја презентација со некој од семејството.

  • Набљудувај ги работите што ги создал Јехова и размислувај што учиш од нив за него. a

a Види ја статијата „Запознај го Јехова подобро преку она што го создал“, која излезе во Стражарска кула од март 2023.