Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Двајца нови членови на Водечкото тело

Двајца нови членови на Водечкото тело

ВО СРЕДА, на 18 јануари 2023 год., на jw.org беше објавено едно посебно известување во кое пишуваше дека брат Гејџ Флигл и брат Џефри Виндер се именувани да служат како членови на Водечкото тело на Јеховините сведоци. И двајцата долго време му служат на Јехова.

Гејџ Флигл со својата сопруга Надја

Брат Флигл пораснал во Западна Пенсилванија (САД), во семејство на Јеховини сведоци. Кога бил тинејџер, неговото семејство се преселило во едно мало гратче каде што имало поголема потреба од објавители. Кратко потоа, на 20 ноември 1988 год., тој се крстил.

Родителите на брат Флигл секогаш го поттикнувале да започне со полновремена служба. Тие честопати канеле покраински надгледници и бетелски слуги во нивниот дом, и така брат Флигл можел да види дека овие браќа и сестри се многу среќни. Кратко по своето крштавање, на 1 септември 1989 год., почнал со општа пионерска служба. Две години подоцна, ја исполнил својата желба што си ја поставил на 12 годишна возраст — да служи во Бетел. Во октомври 1991 год., тој почнал да служи во Бетелот во Бруклин.

Во Бетел, брат Флигл, осум години работел во книговезницата, а потоа добил задача да служи во Одделението за служба. Во тој период, неколку години служел во собрание на руски јазик. Во 2006 год., брат Флигл се оженил со Надја, која му се придружила во бетелската служба. Заедно тие служеле во собрание на португалски јазик, а повеќе од десет години служеле во собрание на шпански јазик. Откако многу години служел во Одделението за служба, брат Флигл добил задача да служи во Канцеларијата на Одборот за поучување, а подоцна во Канцеларијата на Одборот за служба. Во март 2022 год., тој бил именуван да служи како помошник на Одборот за служба при Водечкото тело.

Џефри Виндер со својата сопруга Анџела

Брат Виндер пораснал во Муриета (Калифорнија, САД). Неговите родители го поучувале за вистината уште од мал. Тој се крстил на 29 март 1986 год. Веќе следниот месец одлучил да служи како помошен пионер. Толку многу уживал во службата што не сакал да престане. Откако неколку месеци служел како помошен пионер, на 1 октомври 1986 год., почнал со општа пионерска служба.

Кога бил тинејџер, брат Виндер ги посетил неговите двајца постари браќа, кои во тоа време служеле во Бетел. Таа посета му ја разгорела желбата подоцна и тој да даде молба за бетелска служба. И така, во мај 1990 год., бил поканет да служи во Бетелот во Волкил.

Во Бетел, брат Виндер работел во различни одделенија — во Одделението за чистење, во Одделението за фарми и во Бетелската канцеларија. Во 1997 год., тој се оженил со една сестра по име Анџела, и оттогаш служат заедно во Бетел. Во 2014 год., тие се преселиле во Ворвик, каде што брат Виндер помагал во изградбата на објектите на главното седиште. Во 2016 год., се преселиле во Образовниот центар Патерсон, каде што брат Виндер служел во Одделението за аудио и видео продукција. Четири години подоцна, се вратиле во Ворвик каде што брат Виндер добил задача да служи во Канцеларијата на Одборот за персонал. Во март 2022 год., тој беше именуван да служи како помошник на Одборот за персонал при Водечкото тело.

Се молиме Јехова богато да ги благослови овие браќа кои тој ни ги дал како дарови, додека и понатаму трудољубиво работат за делото на Царството (Еф. 4:8).