Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Помогни ми да простам

Помогни ми да простам

Преземи:

  1. 1. Горчина, гнев — од мене се дел,

    тој тежок товар ме притиска.

    Вака повеќе не можам.

    Знам, должни сме да простуваме,

    но вина никаква јас не носам —

    таа мисла ме надвладеа.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Бог знае сѐ како се случило,

    колкава болка носам во срцево.

    Го молам: „Дај ми сила

    (РЕФРЕН)

    ти, да не мислам

    на она што поминало.

    Татко, помогни ми сега

    да можам да простам.

    Да мислам како ти

    ни простуваш нам и забораваш.

    Татко, помогни ми сега

    да можам да простам.

    Јас да простам.“

  2. 2. Направив сѐ да заборавам,

    чувствата да ги победам —

    тоа баш и не ми успева.

    Помош од Бог ми е потребна

    лутината да ја искоренам јас,

    за радост пак да чувствувам.

    (ВОВЕД ВО РЕФРЕН)

    Бог знае сѐ како се случило,

    колкава болка носам во срцево.

    Го молам: „Дај ми сила

    (РЕФРЕН)

    ти, да не мислам

    на она што поминало.

    Татко, помогни ми сега

    да можам да простам.

    Да мислам како ти

    ни простуваш нам и забораваш.

    Татко, помогни ми сега

    да можам да простам.

    Јас да простам.

    Јас да простам.

    Јас да простам.

    Јас да простам.“