Посвети се на читањето и поучувањето

Целта на оваа публикација е да ти помогне да се подобриш во читањето, поучувањето и говорништвото.

Писмо од Водечкото тело

Ние ги поучуваме другите за најважната порака на сите времиња.

ЛЕКЦИЈА 1

Добар вовед

Со добар вовед се постигнуваат три цели.

ЛЕКЦИЈА 2

Природност

Зборувај природно и искрено за да можат слушателите да видат дека навистина се грижиш за нив и полесно да го прифатат она што им го кажуваш.

ЛЕКЦИЈА 3

Користење прашања

Поставувај промислени прашања за да го побудиш интересот на оние што те слушаат и за да ги нагласиш важните мисли.

ЛЕКЦИЈА 4

Да се воведат стиховите на соодветен начин

Размисли како можеш да побудиш интерес за библискиот стих што сакаш да го прочиташ.

ЛЕКЦИЈА 5

Точно читање

За да можеш да ги поучуваш другите за Јехова, многу е важно да знаеш точно да читаш.

ЛЕКЦИЈА 6

Да се објасни зошто се чита стихот

Погрижи се слушателите јасно да разберат како стихот што си го прочитал е поврзан со она што сакаш да го истакнеш.

ЛЕКЦИЈА 7

Точни и уверливи информации

Точните и уверливи докази ќе им помогнат на слушателите да дојдат до исправен заклучок.

ЛЕКЦИЈА 8

Поучни споредби

Подобри го начинот на кој поучуваш така што ќе користиш едноставни споредби кои ќе побудат интерес кај оние што те слушаат и ќе им помогнат да извлечат важни поуки.

ЛЕКЦИЈА 9

Користење слики и видеоклипови

Користи слики и видеоклипови за да можат оние што те слушаат полесно да ги запамтат главните мисли.

ЛЕКЦИЈА 10

Модулација

Менувај ја јачината на гласот, интонацијата и темпото со кое зборуваш за да побудиш емоции кај оние што те слушаат и да ги поттикнеш да преземат нешто.

ЛЕКЦИЈА 11

Воодушевеност

Кога зборуваш со воодушевеност, изразуваш силни чувства. Тоа помага да се задржи интересот на слушателите.

ЛЕКЦИЈА 12

Срдечност и сочувство

Ако си искрен кога зборуваш со другите, им покажуваш дека навистина си заинтересиран за нив.

ЛЕКЦИЈА 13

Да се истакне практичната корист

Помогни им на слушателите да сфатат како она што го кажуваш е поврзано со нивниот живот и објасни им како можат да го применат.

ЛЕКЦИЈА 14

Да се нагласат главните мисли

Помогни им на слушателите полесно да го следат текот на твојот говор, и истакни како секоја од главните мисли е поврзана со целта и со темата на говорот.

ЛЕКЦИЈА 15

Да се зборува со увереност

Зборувај со увереност. Покажи дека си цврсто уверен во важноста на она што го кажуваш.

ЛЕКЦИЈА 16

Да се охрабрат другите со позитивни мисли

Наместо да критикуваш, зборувај позитивно. Насочи го вниманието на слушателите на прекрасните вистини од Божјата Реч.

ЛЕКЦИЈА 17

Разбирливо за другите

Помогни им на слушателите да го разберат она што го кажуваш. Изнеси ги главните мисли кратко и јасно.

ЛЕКЦИЈА 18

Поучно за слушателите

Поттикни ги слушателите да размислуваат, и на крајот да имаат чувство дека научиле нешто корисно.

ЛЕКЦИЈА 19

Да се мотивираат слушателите

Помогни им на слушателите да го засакаат Бог и неговата Реч, Библијата.

ЛЕКЦИЈА 20

Добар заклучок

Добриот заклучок ќе ги поттикне слушателите да го прифатат и да го применат она што го научиле.

Следи го својот напредок

Додека се подобруваш во читањето и поучувањето, следи го својот напредок.

Можеби ќе те интересира и...

СЕРИЈА ВИДЕОКЛИПОВИ

Посвети се на читањето и поучувањето — видеоклипови

Труди се да стануваш повешт во читањето и поучувањето.