Јаков 4:1-17
4 Од каде војни и од каде борби меѓу вас? Зарем не од вашите себични желби,+ кои се во судир со вашите делови на телото?+
2 Посакувате, а немате. Убивате+ и копнеете,+ а не можете да добиете. Се борите+ и војувате. А немате, затоа што не барате од Бог.
3 Барате, а не примате, бидејќи барате со зла намера,+ за да го потрошите тоа на своите себични желби.+
4 Прељубници,+ зарем не знаете дека пријателството со светот е непријателство со Бог?+ Затоа, кој сака да биде пријател со светот,+ му станува непријател на Бог.+
5 Мислите ли дека Писмото залудно вели: „Духот на завист, кој го носиме во себе,+ постојано копнее по нешто“?
6 Но незаслужената доброта, која Бог ја покажува, е поголема од нашата завист.+ Затоа Писмото вели: „Бог им се спротивставува на вообразените,+ а на понизните им покажува незаслужена доброта“.+
7 Затоа, подложете му се на Бог,+ а спротивставете му се на Ѓаволот,+ и тој ќе побегне од вас!+
8 Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!+ Исчистете ги рацете, грешници,+ и прочистете ги срцата,+ неодлучни!+
9 Јадосувајте се и тажете и плачете!+ Вашата смеа нека се претвори во тага и вашата радост во жалост!+
10 Понизете се пред Јехова,+ и тој ќе ве возвиши.+
11 Престанете да зборувате еден против друг, браќа.+ Оној што зборува против некој брат или го осудува братот,+ зборува против законот и го осудува законот. А ако го осудуваш законот, не си извршител на законот, туку судија.+
12 Но еден е законодавец и судија+ — оној што може да спаси и да погуби.+ А кој си ти да го осудуваш својот ближен?+
13 Слушајте сега, вие што велите: „Денес или утре ќе отпатуваме во тој и тој град и таму ќе поминеме една година, ќе тргуваме и ќе заработиме“,+
14 а не знаете каков ќе ви биде животот утре.+ Зашто сте магла која се појавува за кратко време, па исчезнува.+
15 Треба да речете: „Ако Јехова сака,+ ќе живееме и ќе го направиме ова или она“.+
16 А сега се расфрлате со вообразени зборови.+ Секоја таква гордост е зла.
17 Затоа, ако некој знае да го прави она што е исправно, а не го прави,+ тоа му е грев.+